Насловна / Вести / Потпорен бетонски ѕид направен за само еден час и тоа без арматура (ВИДЕО)

Потпорен бетонски ѕид направен за само еден час и тоа без арматура (ВИДЕО)

Научниците од Универзитетот во Кембриџ отишле чекор понатаму со можностите на 3Д печатењето. Имено, овој потпорен ѕид е направен од бетон со употреба на голем 3Д принтер за само еден час.

Сепак, тоа не е се. Освен што не е армиран затоа што тоа го дозволува неговата геометрија, во овој бетонски елемент се вградени и сензори за да може сам себе да се надгледува и еден ден сам себе да се поправа.

Инфраструктурните елементи долж автопатиштата, иако навидум не делуваат како голема проблематика, обично се многу сложени и сериозни инженерски работи.

Еден таков елемент е потпорен ѕид со дупка, кој обично се наоѓа во близина на одвод или одреден пропуст. Неговата цел е да зајакне одреден пропуст и да спречи рушење на земјиштето под силата на протечената вода. Покрај тоа, може да биде конструктивен дел од мостови и патишта, како и да го контролира протокот на вода.

Научниците од Кембриџ го поставиле овој потпорен ѕид на патот А30 во Англија, така што го конструирале на лице место користејќи робот и тоа само за само еден час.

Новина е што додека се печател, вршено е просторно ласерско скенирање на структурата, со што е креиран дигитален близнак со кој може да се споредува.

Вградените сензори ја следат структурата

Исто така, безжични сензори се поставени во влажен бетон, кои пренесуваат податоци за температурата, напрегањето, притисокот, влажноста, електричната отпорност и електрохемискиот потенцијал.

Температурата била ставка од особено значење, имајќи предвид дека бетонот кој брзо врзува генерира многу топлина, што може да го оштети потпорниот ѕид додека не се стегне и стврдне.

Ова е важно бидејќи структурата има уште една иновација, а тоа е дека не користи конвенционален челичен скелет за зајакнување. Наместо тоа, се потпира на сопствената геометрија, што не е лесно ако структурата содржи шуплив, закривен внатрешен ѕид.

b1

Како да се привлече градежната индустрија

Тимот од Кембриџ е предводен од професорот Abir Al-Tabbaa, од Катедрата за инженерство. Целта на експериментот била со помош на сензори и дигитално моделирање да се процени стабилноста на 3Д печатената структура, за таа да стане привлечна за градежната индустрија. Освен создавањето на нешто поевтино и побрзо за градење, целта била и тестирање на доверливоста, робусноста, точноста и долговечноста на самите сензори.

„Овој проект ќе служи како жива лабораторија, генерирајќи важни податоци во текот на својот животен век. Податоците кои ги даваат сензорите и „дигиталниот близнак“ ќе им помогнат на професионалците во инфраструктурата подобро да разберат како 3Д печатењето може да се користи и прилагоди за создавање поголеми и посложени структури на патните мрежи“, објасни професорот Abir Al-Tabbaa.

Испрати коментар

Scroll To Top