Насловна / Вести / Нано револуција во светот на градежништвото

Нано револуција во светот на градежништвото

Нанотехнологијата се занимава со истражување на материјата на нано ниво. Тоа е наука за исклучително малите честички и нивна практична примена. Се работи на ниво на нанометарска скала, односно милијардити делови од еден метар. Поинаку кажано, нанометар е величина за која може да порасне брадата на еден човек додека тој го подигне до своето лице приборот за бричење.1

Материјалите со овие мали димензии се однесуваат поинаку отколку во стандардни величини. Малку технологии создадоа толкав интерес и имаат привлечено толкави средства, како што тоа ѝ успева на нанотехнологијата во последните 10-15 години.

Глобалната трка за преземање на водечката улога на, според многумина, новата индустриска револуција сè уште трае и е неумолива. САД се во водство, но не заостануваат многу Јапонија, Кина, Индија и Русија.
Градежниот сектор беше меѓу првите кој е идентификуван како ветувачка област за примена на нанотехнологијата уште од 90-тите години. Во областа на градежните материјали посебни резултати се очекуваат кај бетонот и композитните материјали.

3

Извесно е дека нанотехнологијата ќе одигра важна улога во развојот на следните генерации на материјали со високи перформанси. Со додавање на наночестички во бетонот, може да се добие многу поконзистентен материјал кој има подоби механички својства и помалку е подложен на деградација од класичниот бетон.
Развојот на јаглеродни наноцевки и други напредни материјали би можел радикално да влијае врз градежниот дизајн и перформанси.

Целокупната разлика помеѓу конструкцијата и обвивката, на пример, би можела да исчезне доколку се развијат ултралесни, суперјаки материјали кои истовремено би одговориле и како конструкција и како обвивка. Со помош на јаглеродните наноцевки, слоеви со дебелина на лист хартија може да носат цели згради. Веќе се создадени наноцевки кои се 250 пати појаки од челикот, десет пати полесни, и кои се транспарентни. Сличен напредок се остварува и на полето на стаклени, пластични и бетонски материјали.

Нанопремази кои нудат заштита за дрво, стакло, метал, бетон и текстил
Австралиската компанија „Nanotec“ произведува низа нанопремази за заштита на дрво, метали, стакло и текстил. Нивниот производ „nanoZ“ е транспарентна индустриска цинк оксид нано-дисперзија за функционално премачкување заради заштита на материјалите од UV зрачење и микроскопска деградација.2

Поевтини паметни прозорци кои ја менуваат бојата
Научниците од Националната лабораторија за обновливи извори на енергија на САД создале нов, поевтин метод за изработка на електрохроматски прозорци со помош на нанотехнологијата. Ова решение нуди големи заштеди на енергија кај прозорците и стаклените фасади.4

Стакло и бетон кои се чистат сами
Овој вид на стакло на себе има премаз од наночестички на кои нечистотијата не може да се задржи, елиминирајќи ја со тоа потребата од скапото и опасно рачно перење на прозорците и стаклените фасади на високите згради. Голем број компании имаат вакви самочистечки стакла кои користат нанотехнологија. Самочистечкиот бетон, пак, има наночестички од фото-каталитички титаниум оксид кои не дозволуваат задржување на прашина на површината.

Нанокомпозитен челик
Овој вид на челик е поотпорен на корозија од конвенционалните челици, и може да ги намали трошоците до 50%. Исто така, количината на челик потребна за изградба може да биде пониска за 40% во споредба со конвенционалните челици.Stainless steel. Group of rolled metal.

Бетон кој „јаде“ смог
Бетонот што го елиминира смогот од околниот атмосферски воздух се произведува со примена на нанослој од титаниум диоксид на бетонот, што иницира каталитичка реакција која уништува многу загадувачи во контакт со бетонската површина.

Покрај поволностите, наноматеријалите носат и ризици при користењето. Наночестичките, за жал, ќе бидат вдишани и апсорбирани од страна на кожата при допир со оние материјали кои ги содржат, како на пример кваки, прозорци, паметни ѕидови, фасади или слично, не само при користењето туку и при нивното производство.6

Наночестичките можат да навлезат во организмот и преку водата, доколку таа се филтрира со комерцијално достапните нанофилтри.
Најновите истражувања го анализираат цврстиот отпад кој настанува при производството на металофулерени и фулерени и се занимава со прашањето дали овие материјали претставуваат потенцијален ризик за луѓето.
Две жени во Кина се официјално првите жртви на нанотехнологијата. Тие работеле во слабо проветрена фабрика каде со прскање се нанесувале полиакрилни бои кои содржеле наночестички. Со долготрајно изложување на овие околности, жените добиле смртоносна количина на наночестички во своите организми.7
Вдишаните нано честички се депонираат во човековиот респираторен систем, и значителен дел од тоа се депонира во белите дробови. Наночестичките потоа можат да се преместат од белите дробови и на другите органи како мозокот, црниот дроб, слезината, па дури на фетусот кај бремените жени.CSIRO_ScienceImage_1342_Nanotechnology

Податоците за тоа колкава е зачестеноста на трансферирање на наночестички од белите дрбови кон другите органи се мошне лимитирани во стручната литература, но евидентно е дека се работи за високо ниво на зачестеност, особено ако времето на изложеност е подолго. Наночестичките можат да предизвикаат воспаленија на белите дробови и проблеми со срцето.

BiochemSocRev-Figs
Не помалку важни се и негативните влијанија на наночестичките врз животната средина.
Во секој случај потребен е сериозен пристап кон намалување на штетните ефекти од наноматеријалите, бидејќи доколку тоа не се стори, нанотехнологиите нема да придонесат за одржлив развој и покрај евидентните економски и технички придобивки.

Испрати коментар

Scroll To Top