Насловна / Вести / Како стои Македонија во областа на одржливата конкурентност?

Како стои Македонија во областа на одржливата конкурентност?

Скандинавските земји на чело со Шведска, е убедливо најдобро пласирани во Глобалниот индекс на одржлива конкурентност. Во југоисточна Европа лидер е Словенија, која е на прво место во светот според одржливоста на економијата. Глобалниот индекс на одржлива конкурентност (Global Sustainable Competitiveness Index – GSCI) воведен е во 2012 година. Во пресметката се користат 190 индикатори од ОН, Светска банка, Меѓународен монетарен фонд и др. GSCI е замислен како алтернатива на бруто домашниот производ, со параметри за позитивни и негативни ризици специфични за секоја земја и сектори. Се состои од подиндикатори кои го покриваат природниот капитал, ефикасноста и интензитетот ан користењето на ресурсите, социјалната кохезија, интелектуалниот капитал, економската одржливост и ефикасноста на управувањето.

comptet1

Во последното издание, проесекот изнесува 43,7. Шведска е прва со 59,6 поени, па јасно е дека вистинската одржливост и конкурентност е далеку дури и за најнапредните земји, порачуваат авторите на извештајот. Скандинавија е најдобро пласираниот регион. Сите пет земји се меѓу првите шест места, а најлошо стојат Африка и Блискиот исток. Судан е на дното со 32,7, а претпоследен е Јужен Судан со 33,1. Јапонија е единствената неевропска земја во првите дваесет. Кина на 30-тото место, за прв пат е пред САД кои се на 32-рото место. Притоа, најсилната страна на Кина е интелектуалниот капитал, дефиниран како способност за зголемување на благоссостојбата и бројот на работни места во иновациите и во секторите кои додаваат вредност, но има полоши резултати во однос на природниот капитал и заштедата на ресурси. САД се исто така неефикасни во користењето на ресурси, но и во општествениот капитал – здравје, безбедност и слобода.

compet2

Во регионот на југоисточна Европа, најдобра е Словенија со 55,7 бодови која е десетта на светот. Хрватска има 52,9 бодови и на светската табела од 180 држави е на 23-тото место. Албанија има 49,8 бодови, Романија 49,4, Кипар 48, додека Грција и Бугарија имаат по 47,9. Босна и Херцеговина со 46,4, Србија со 46,3 и Црна Гора со 46,2, се пред Македонија која е на 62-рото место во светот со 45,3 бодови.

compet3

Испрати коментар

Scroll To Top