Насловна / Вести / Конкурсот – потврдена метода за компаративно одмерување на идејни решенија

Конкурсот – потврдена метода за компаративно одмерување на идејни решенија

konkurs_metoda_thumb.jpg

Целта на Правилникот е вистински да се чуе гласот на архитектите и тие во свои раце да ја преземат одговорноста за градењето на јавните добра во иднина. Него, со меѓусебен договор, треба да го применуваат и спроведуваат Одделението за архитектура во Комората на овластени инженери и на овластени архитекти на Македонија и Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
На последното собрание наАсоцијацијата на архитектина Македонија беше усвоенПредлог-правилник за конкурсиод областа на архитектуратаи урбанизмот. Сега се очекуваовој документ да биде прифатени поддржан од Комората наовластени инженери и овластениархитекти и од Министерствотоза транспорт и врски.Во преамбулата на Правилникотсе нагласува: „Институцијатаконкурси е најсигурна методаза преиспитување на соодносотна нашите потреби да градимеи оптималните капацитети икарактеристики на срединаташто е интактна или историскиформирана со свој идентитет“.Исто така се истакнува:„Конкурсот е потврдена методана компаративно одмерување наидејни решенија за значајни јавнии приватни објекти, уредувањеи проширување на градови илинаселби, или создавање на новинаселби и делови на населби. Соконкурсот се добиваат повеќеидеи и решенија за оптималнаорганизација на конкретенпростор, објект или друг видтворечка интервенција и секако сеафирмираат креативни архитекти“.
 
Авторите на документот сметаатдека секој конкурс е подобарод директна нарачка, а јавниотконкурс е подобар од ограничениот.За нив значителните трошоци законкурсот се оправдани, доколкуконкурсот грижливо се подготви иреализира, а со тоа секогаш можеда се заштеди повеќекратна ценана конкурсниот трошок. Тие сметаатдека овој Правилник претставуваоснова за правилна партнерскасоработка на сите сочинителина конкурсот и го поттикнуваразвојот на културата на градењево Македонија со остварување наестетски, економски, социолошки,еколошки и технолошки цели.
 
Самиот документ е поделенна неколку делови, почнувајќиод видови на конкурси, пасочинители на конкурси, награди,откупи и обесштетувања,организација и спроведување,до заклучни активности. Водокументот се заборува иза проектната реализација,надоместоците за членовите нажирито, заменици на членови,известители и други вклучени вореализацијата на конкурсот.

konkurs_metoda.jpg

 
Целта на Правилникот е вистинскида се чуе гласот на архитектитеи тие во свои раце да ја презематодговорноста за градењетона јавните добра во иднина.
 
Него треба да го применуваати спроведуваат Одделениетоза архитектура во Комората наовластени инженери и на овластениархитекти на Македонија иАсоцијацијата на архитекти наМакедонија, со меѓусебен договор.Сега во важност е Правилник законкурси донесен во август 1992година, кој никој не го есапи.
 
Документот предвидува повеќевидови конкурси. Од анкетно-идејни,проектни, па се до меѓународни.Според обликот, конкурситесе едностепени и двостепени.Исто така, е определено кои сесочинители на конкурсот и сеопишани нивните обврски и права.
 
За ефикасно спроведување наконкурсната активност УО на ААМ,во координација со Комората наовластени инженери и архитекти,формираат петочлен одбор законкурси со мандат од две години,во кој повремено се делегираатпо еден член од Министерствоза транспорт и врски (или другоресорно) и ЗЕЛС. Одборот законкурси има советодавна улогаво подготовка и распишувањена конкурси, и е најмеродавентолкувач на овој правилник.
 
Советувањето посебно сепрепорачува по прашања од:видот на конкурсот, поставенитебарања, условите за учество,наградниот фонд, членови нажирито и конкурсните рокови.
 
Одборот за конкурси ја следиреализацијата на урбанистичкитепланови и иницира или потенцирапростори и објекти кои треба дабидат задолжително третиранисо конкурсна активност. Секојраспис на конкурсот треба да серегистрира во Одборот за конкурси.Доделување на регистарскиот бројзначи дека конкурсот е распишанво склад со овој Правилник.
 
Одборот за конкурси е должен,за конкурсите што не се распишаниво склад со овој Правилник, даги повика членовите на ААМ и наКомората да не земаат учество вонив. Архитекти кои учествувалево овие конкурси не можат дабараат правна поддршка од ААМ иАрхитектонската Комора. Одборотза конкурси ја следи применатана овој Правилник и предлаганегови измени и дополнувања.
 
Со Правилникот се предвиденинагради, откупи и обесштетувањана трудовите, кои распишувачотна конкурсот се обврзува да гиобезбеди и додели од вкупниотпаричен фонд (награден фонд).Во Правилникот се дадени идетали за вредноста на наградите,откупите, односно начинот нараспределба на наградниот фонд.
 
Што се однесува до организацијатаи спроведувањето на конкурсите,и за нив до детали е опишано се.Како и кога се објавува, содржината,конкурсни подлоги, критериуми…пасе до доделувањето на наградите.
 
Авторите на документот принеговото составување ги користеледосегашните искуства одспроведување конкурси, постојниотПравилник за конкурси на ААМ,правилници за конкурси од соседниземји и документи од Швајцарија иМеѓународната унија на архитекти.
 
Треба да очекуваме дека заовој предлог ќе се изјасни иКомората на овластени инженерии овластени архитекти, но иМинистерството за транспорт иврски. Секако, овој документ еотворен и за мислења и ставовина секој заинтересиран поединец.Доколку има такви, нивните ставовисо задоволство би ги пренеле настраниците на „Порта3“. Се соцел да се добие еден квалитетенправилник, кој ќе биде почитувани користен во иднина од ситеучесници во конкурсите.
 
 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top