Насловна / Вести / Дубравка Бјеговиќ: Идните генерации ќе оценат дали сме направиле квалитативни промени

Дубравка Бјеговиќ: Идните генерации ќе оценат дали сме направиле квалитативни промени

Институтот за градежништво во Загреб долги години соработува со колегите во Македонија, а професорката Дубравка Бјеговиќ како нивен главен репрезент, активно се вклучува во заедничките активности на конференциите што ги организира Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Kако плод на долгогодишната соработка е Спогодбата потпишана во 2012 година помеѓу Градежниот факултет во Скопје и Градежниот факултет во Загреб. Во пресрет на 16. Меѓународен симпозиум на ДГКМ, ја замоливме професорката Бјеговиќ да сподели дел од своите искуства со читателите на „Порта 3“.

Krk_Bridge

Мостот на Крк

Морам да нагласам дека имав среќа да завршам факултет во времето кога започнуваше интензивна изградба на бившата држава, како во областа на инфраструктурните објекти така и во индустриските постројки, а сите тие се такви конструкции каде младите инженери можат многу да научат. 1

Дубравка Бјеговиќ

Би сакала, во оваа пригода да ги споменам истакнатите имиња на тогашното конструкторство, со кои имав среќа да работам, инженерот Илија Стојадиновиќ и професорот Станко Шрам, вработени во „Мостоградња“, зад кои останаа неколку светски значајни мостовски конструкции.Во текот на образованието, на мојата идна кариера влијаеја неколку професори, меѓу кои сакам да ги истакнам професорите Златко Костренчиќ и Круно Тонковиќ од Градежниот факултет во Загреб и професорот Згага од факултетот за машинство и бродограбда во Загреб, и тоа не само заради извонредните предавања туку и заради нивниот однос кон студентите и нивната грижа за нив не само во текот на студиите туку и нивното следење на кариерите на бившите студенти. Нивното несебично залагање за сè она што води кон напредување во струката и науката остави трага и на моето однесување во текот на работата.pag most

Мостот на Паг

Во подготвителниот период за влез во европската заедница, Хрватска требаше да го приспособи својот образовен систем во т.н. Болоњски систем. Болоњскиот процес во Европа бараше и кај нас наставата да се приспособи кон тој процес, што доведе до многу промени во начинот на изведување на наставата без претходна проверка дали има услови за спроведување на наставата според барањата за работа со мали групи студенти со постојан ангажман како на студентите така и на наставниот кадар.

Добрите идеи, без претходна подготовка, честопати не даваат очекувани резултати. Слично се случи и кај нас, со примената на Болоњскиот процес, такашто нашата градежна оператива не ги препознава таканаречените првостепенци, односно инженери кои завршиле прв степен (три години) на образование и многу ретко ги вработува. Заради тоа, скоро сите студенти продолжуваат да го студираат вториот степени добиваат титула магистер која е изедначена сонекогашната магистер на науки. За жал, тоа не е споредливо.

Лично сметам дека, речиси сите млади луѓе се позитивни во своите ставови, но опкружувањето во кое денес живееме и создаваме сепроменило и постојано се менува, и тие приспособувања не се лесни.Затоа, оценката за сегашните генерации да ја оставиме за некое друго време, со надеж во целокупната благосостојба.

6

Иновативна употреба на гумени компоненти во бетонски елементи

Сепак, треба да се истакнат и добрите страни на тие промени во наставниот план, на чија основа е формиран и Заводот за материјали, по примерот на некои европски факултети (ETH Zürich, Stuttgart i dr.); смерот Материјали во градежништвото, со намера да се пробуди знаењето кај студентите за материјалите, нивното однесување во конструкцијата какo и можноста за оценка на состојбата на конструкцијата и нејзината евентуална потребна санација. Во тој контекст, студентите добија низа обемни предмети кои досега биле во многу мал опфат, на пр. Физика на згради, или воопшто не се слушале на Градежниот факултет, како на пр. Управување со квалитет, Теорија и технологија на санации или Заштита од пожари.

Со новата програма се настојува на студентот да му се приближи она што е сега актуелно во градежништвото, а тоа е подобрување на зградите во поглед на термичката ефикасност која е поврзана со опасноста од пожар кај високите објекти. Имено, честопати високите објекти заради термичката ефикасност се обложуваат со запаливи изолации кои во случај на пожар можат да нанесат многу големи штети, како материјални така и по здравјето на луѓето, па дури и жртви на смрт. Токму тоа беше една од причините за воведување на Специјалистички последипломски студии на Пожарно инженерство, исто така во склоп на Заводот за материјали.5

Јавно испитување на однесување на фасадите во случај на пожар

Исто така, со новата програма се настојува да се даде знаење и за одржување на станбениот фонд, но и за инфраструктурните објекти. Имено, во текот на некогашните студии ги научивме студентите добро да проектираат и изведуваат, а она што недостасуваше во целокупното градителство, тоа е спознанието дека наследството треба и да се зачува со процес на одржување. Идните генерации ќе оценат дали сме направиле квалитативна промена. Но таа промена не зависи само од стекнатото знаење туку и од расположливите финансии за извршување на таа работа, па би се осмелила да кажам дека на пр. за историски објекти кои треба да се зачуваат, потребни се средства од општествената заедница. Дали ги имаме? Колку и кога можеме да ги ангажираме? Тоа се прашања вон моето дејствување.

За сите промени и новини треба да се оствари голем ангажман, не на поединец туку на сите, а јас тоа го имам во Заводот за материјали на Градежниот факултет при универзитетот во Загреб. Имам среќа да работам со млади луѓе кои имаат многу знаење, ентузијазам и волја за работа, и кои ќе донесат унапредување во науката и струката, а тоа и мене како најстар член на Заводот ми дава снага и волја за работа со нив, не гледајќи колкав ангажман тоа бара. Но она што е уште поважно, е потпората што ја добивам од своето семејство, особено од сопругот кој секогаш ме поддржуваше и поттикнуваше.

SRC SALATA, Zagreb

СРЦ Шалата во Загреб

Врвен научник и педагог

Професорката Дубравка Бјеговиќ е едно од ретките имиња на просторите од поранешната држава Југославија, која постигна врвни резултати, научни и педагошки, како во Хрватска така и на меѓународен план. Во својата кариера, таа вршела значајни функции како на Универзитетот така и во научни институции. Била декан на Градежниот факултет, директор на Заводот за материјали, претседател на научниот одбор во Институтот за градежништво на Хрватска и др. Таа е член на многу хрватски и меѓународни асоцијации, а активно учествува во работата на Научниот одбор за сообраќај при Хрватската академија за наука и уметност, секретар е на одделот за градежништво и геодезија при истата академија, а учествува во работата на EFC (European Federationof Corrosion) и е член на работната група EFCWP 11 Corrosionin Concrete (од 2066 година).

Бјеговиќ работела на национално ново во многу истражувачки проекти поврзани со новите материјали во градежништвото, нивниот развој и заштитата на системите за бетонски конструкции, како и проектот за огноотпорни тунелски елементи и др. На меѓународно ниво, таа била координатор на проектот FIRETUNNEL, FIRECON – Огноотпорен бетон направен од згура од челичната индустрија, во рамките на програмата на ЕУ – ЕУРЕКА. 2

Професорката Бјеговиќ, исто така е координатор и активно работи во низа хрватски и меѓународни проекти од областите на градежниот отпад, рехабилитацијата на автопати, звучните бариери, тестирање на армиран бетон во морска околина, испитување на фасади при пожари, вентилирани фасади, користење на разни компоненти во бетонот.

Во наставата според Болоњскиот систем држи предмети на додипломски и дипломски студии по технологии на бетонот, трајност на конструктивните материјали, технологија на санации и зајакнување и заштита од пожари. На постдипломските студии таа е раководител на постдипломските специјалистички студии за Пожарно инженерство, кои ги воведе во соработка со повеќе сродни факултети од Хрватска и со гости-професори, меѓу кои и професорката Мери Цветковска од Градежниот факултет во Скопје.Maksimirski_stadion_Zagreb

Стадион Максимир во Загреб

Во областа на стручната дејност, како раководител на лабораторијата за бетон во Заводот за бетонски и ѕидани конструкции ИГХ во Загреб, нејзините главни активности биле сите испитувања од подрачјето на бетонот и компонентите на бетонот; потоа како раководител на лабораторијата за врзива и корозија на материјали, главните активности биле истражувања во областа на врзивата, истражувања во областа на трајност на градежните материјали на база на минерални врзива, истражувачки работи на конструкции (мостови Паг, Шибеник, Крк, поморски објекти, пристаништа, проекти за заштита на армирано-бетонски конструкции), проекти за санации (мост Крк), консалтинг и надзор во изведба на армирано-бетонски и санациски работи на спортски објекти: стадионот Шалата/со активно учество на инженерски тим и со примена на материјали од производниот програм на „Адинг“, стадионот Максимир, трговски центар Importane галерија и др.kutina fabrika za gjubrivo petrokemija

Фабрика за ѓубриво во Кутина

Од сето погоре кажано, може да се заклучи дека подрачје на главен интерес на професорката Бјеговиќ е развој на нови градежни материјали, трајност и одржливост на конструкциските градежни материјали и конструкции, и пожарно инженерство. Сето тоа со денешната терминологија би можело да се класифицира како подрачје на одржлива градба.Како автор или коавтор, професорката Бјеговиќ објавила две книги, три учебници и скрипти, 16 поглавја во книги и повеќе од 300 научни трудови.

Испрати коментар

Scroll To Top