Насловна / Архитектура / Добриот дизајн може да биде и економичен

Добриот дизајн може да биде и економичен

Потребата од „креативни инспиративни училишта“ е следниот аспект на кампањата на Институтот, како резултат на потребата да се создадат добро обмислени училишни објекти кои ќе ги инспирираат и учениците и наставниците. Истражувањата укажале дека постои сооднос помеѓу квалитетот на училишниот објект и резултатите од образовниот процес, при што се нагласува дека добро обмислените училишни објекти имаат моќ да ги инспирираат учениците и наставниците.

Се разбира, ова не значи дека секој училишен обејкт треба да биде ексклузивен, но налага да се промовира принципот дека добриот дизајн може да биде и економичен. Истражувањата укажуваат дека континуираниот подем на наслението во Британија од 2000 година има создадено потреба за дополнителни 256 илјади училишни места само во Англија до есента 2014 година, од кои 90 проценти се во рамките на основните училишта, а од нив 37 проценти се во Лондон.ladinski

Според Министерството за образование (Department for Education), ваквиот тренд се очекува да продолжи како резултат на што дополнителни 400 илјади места ќе бидат потребни до 2018/2019 година.

Дополнително, 29 проценти од локалните власти имаат добиено помалку средства отколку што е потребно за нови училишни места во 2012/2013 година. При ова се истакнува на исклучително сложената ситуација во Лондон, каде само нешто под 1,1 милион ученици имало во 2011/2012 година, но чијшто број континуирано се зголемува и се очекува да достигне до приближно 1,25 милиони ученици во 2016/2017 година, како резултат на што се очекува да се појави недостиг од околу 118 илјади училишни места во основните и средните училишта во Лондон до 2016/2017 година.

Затоа Институтот истакнува дека земјата се соочува со огромен недостиг на училишни места, но истовремено и голем број од училиштата во земјата се соочуваат со потреба од итни поправки, како резултат на што треба да се поведе повеќе сметка при изградбата на следната генерација училишта, да се размислува како училишните објекти ќе ги задоволат потребите на сите свои корисници.

Кампањата на Институтот за „попаметни зелени објекти“ произлегува од енергетската криза со која Обединетото Кралство се соочува, криза која континуирано се зголемува како резултат на многу објекти коишто лошо се одржувани и скапи се за греење. Напоредно со ова, потребата за инвестирање во нови ниско јагленородни извори на енергија во текот на наредните години ќе резултира во континуирано покачување на сметките за електрична енергија.

Спроведените анализи укажуваат дека емисијата на штетни стакленички гасови од објектите придонесува за над една третина од вкупните емисии на вакви гасови во Обединетото Кралство, дека просечната годишна сметка за домаќинство во 2014 година изнесувала 1.345 фунти, дека 10,4 проценти од населението во Обединетото Кралство живее во енергетска сиромаштија, како и дека секоја година во земјата од студ умираат над 20 илјади лица, што е над 23 проценти повеќе отколку во Шведска.

ladinski (2)

Истовремено, доколку земјата сака да ја постигне националната стапка за намалување на емисијата на јагленород од 80 проценти до 2050 година, скоро секој објект во земјата ќе треба да се реконструира според принципите на нискоенергетски објекти, при што по скоро еден објект ќе треба да се подобри секоја минута и со најсоодветната реконструкција првиот пат.

За Институтот единствено долгорочно решение на проблемот е да се инвестира во станбените и деловните објекти во земјата за тие да станат енергетски поефикасни, но и да им се помогне на домаќинствата и деловните организации best online casino поефективно да раководат со своите сметки за електрична енергија. Истовремено, Институтот заклучува дека постојниот модел на плаќање, кој е поврзан со штедењето, не се има покажано како соодветен.

Определбата за „заедници отпорни на поплави“ произлегува од фактот што речиси еден од шест објекти во Англија е подложен на ризик од поплави, но и дека инфраструктурата на земјата не е во можност да се справи со поплавите, што е евидентно од неодамнешните примери на екстремни временски непогоди. Истражувањата укажале дека околу 5,2 милиони објекти во Англија се подложни на ризик од поплави и дека околу пет милиони лица живеат во зони подложни на поплави во Англија и Велс, при што вкупната вредност на имотите во зони под ризик од поплави го надминува износот од 200 милијарди фунти, сума која е поголема од сегашниот дефицит во државниот буџет.

Годишните суми на штетите од поплави изнесува 1,6 милијарди фунти, при што од 2000 година осигурителните компании имаат исплатено 4,5 милијарди на домаќинствата и деловните организации погодени од поплави, што е 200 проценти повеќе од исплатената 1,5 милијарда во претходната деценија. Проценките, исто така, укажуваат дека неодамнешните поплави ја чинат економијата на Обединетото Кралство околу 14 милијарди фунти.

Поплавите не се само елементарна непогода која ги погаѓа само оние директно загрозени од неа, туку може да има и разорни последици за домаќинствата и деловните организации што се со стотици километри оддалечени, како резултат на што Институтот се залага за потребата поосмислено да се инвестираат расположливите средства, но и да се води повеќе сметка кога се избира каде да се гради.

За Институтот сите овие аспекти треба да бидат значајни за секој изборен кандидат, но и дека тие ќе укажат дека архитектурата не само што има улога во изнаоѓањето на решенија за некои од овие политички аспекти, туку и дека архитектите размислуваат пошироко и можат да ги понудат потребните решенија.

Гледајќи ја листата на идентификувани аспекти, не може а да не се соочиме со согледувањето дека горенаведените проблеми во голема мерка ја засегаат и Република Македонија, преку што веројатно се укажува на можноста за поактивно вклучување на архитектите во земјата за изнаоѓање на соодветни решенија за предизвиците со кои ќе се соочуваме во поблиската или подалечната иднина.

Испрати коментар

Scroll To Top