Насловна / Вести / Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика: Нè чека период полн со предизвици

Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика: Нè чека период полн со предизвици

Најновиот проект „Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија“ со кој изминатите 18 месеци, осум општини добија техничка помош за воведување на енергетска ефикасност е еден од поводите за разговор со Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ на тема примена на енергетската ефикасност.

SAMSUNG CSC

Во изминатите 18 месеци, осум општини добија техничка помош за воведување на енергетската ефикасност во општините, како дел од проектот „Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија“. Периодов се одржуваат работилници како реализација на вториот дел од проектот. Ќе сакате ли накратко да го објасните проектот и неговите цели?

-Проектот „Промоција на енергетската ефикасност на општините во Република Македонија“ од самиот почеток беше поинаку замислен. Агенцијата за енергетика на Република Македонија веќе работеше на изготвување на соодветни обрасци за да се унифицираат тригодишните програми за енергетска ефикасност на општините и акционите планови, во исто време Светска банка започна релативно мал проект за поддршка на енергетската ефикасност (ЕЕ) во општините, со што главната идеја беше да се овозможи достапност на поволен финансиски кредит за две пилот општини во спроведување на мерки за ЕЕ.aleksandar dukovski_6

По одредени консултации што ги имавме помеѓу двата тима, решивме дека подобри резултати ќе имаме доколку ги споиме двата проекти, и со тоа понудиме опширна поддршка на општините во планирање и спроведување на мерки за ЕЕ во објектите и системите што се под надлежност на општините. Со дефинирање на тригодишните програми за ЕЕ, се предвидува среднорочно планирање на активностите кои општината ги планира за спроведување на мерки за ЕЕ на нејзината територија, тоа е практично стратешки документ за иднината на ефикасноста на општините.

Додека пак, годишниот акционен план за ЕЕ ги прикажува мерките што општината ги спроведува во тековната година. Овие два документи се задолжителни да бидат изработени според Законот за енергетика, но општините досега најмуваа надворешна помош за нивна изработка и со тоа самите општини не ги чувствуваа планираните активности како свој план за развој на општината туку беа релативно про-форма изработен документ.

Со доставување на обрасците за горенаведените документи и со спроведување на обуките во осум општински региони, општините веќе сами почнаа да ги планираат своите активности за зголемување на ЕЕ и почнаа се повеќе да имаат увид во поволностите што мерките за ЕЕ ги имаат на општинскиот буџет. Воедно се изработени и обрасци за пред-физибилити студии на типични проекти кои општините можат да ги користат за детална анализа на финансиските услови за планираните мерки за ЕЕ, се разбира дека општините добиваат и соодветна обука и за оваа активност.

Според можностите на Светска банка, на две општини ќе им се понудат добри услови за кредитирање од страна на Светска банка за проекти за енергетско ефикасно улично осветлување и намалување на енергетските потреби за водните пумпи што ги имаат во општината. За останатите општини, Агенцијата за енергетика активно работи на наоѓање на извори на финансирање на мерките за ЕЕ што самата општина ги дефинира во нивните стратешки документи.aleksandar dukovski_2

Колкава е заинтересираноста на општините?

-Имавме голема заинтересираност на општините да се вклучат во овој проект. Активно учество во проектот зедоа општините: Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман, кои почнаа во користење на обрасците за програмите и акционите планови за ЕЕ, и еден дел од нив веќе се усвоени и е постигнато спроведување на дел од мерките за ЕЕ, кои тие сами ги дефинирале во стратешките документи.

 За кои општини првенствено е наменет овој проект?

-Овој проект, практично е наменет за сите општини на територија на државава. Нашата цел е сите 82 општини да почнат да се интересираат за зголемување на ЕЕ во својот делокруг. Ние, како Агенција за енергетика сме изненадени од пасивноста на дел од општините. Некои од поголемите општини, како на пример општина Центар во Скопје, Струмица, Сарај итн., и покрај медиумското промовирање дека поддржуваат спроведување на ЕЕ, воопшто не стапиле во контакт со Агенцијата за енергетика, ниту пак ги изработиле стратешките документи кои се обврзувачки според закон.

Од друга страна, имаме позитивни примери од општини кои располагаат со помал човечки потенцијал и помали финансиски ресурси, како на пример општина Ресен, Куманово, Радовиш, општина Старо Нагоричане, сите овие општини доста сериозно и активно планираат и спроведуваат мерки за енергетска ефикасност.aleksandar dukovski_3

Да не ги заборавам и скопските општини, Кисела Вода и Гази Баба, одличен пример за општини каде енергетската ефикасност им е дел од секојдневната работа во општините. Би пратил апел до сите општини, дека никогаш не е доцна да се вклучат во активности кои можат само да имаат позитивно влијание за граѓаните во општината, Агенцијата за енергетика е на располагање за секаква помош кон сите општини.

Целта на работилниците е промовирање на резултатите од проектот и споделување на искуствата од процесот. Колку работилници се одржаа досега и кои се досегашните заклучоци?

-Досега имаме спроведено пет регионални обуки, ни следат уште три до крајот на овој месец. Овие работилници/обуки се за административните работници во општините, невладините организации кои работат во тие општини и за општини од пограничните региони од соседните земји (тие учествуваат за да добијат дополнително искуство и информација што се споведува во соседните општини, па се овозможува и заедничко учество на проекти за прекугранична соработка). Впечатоците што ги добивме со првите обуки се позитивни.

Позитивно сме изненадени од вклученоста на присутните во дискусиите и анализите што се приложуваат, како и од воспоставената соработка помеѓу присутните за понатамошна соработка за подобрување на ЕЕ во нивните региони. По вака добро прифатените обуки, веќе сме во план да се овозможат и дополнителни обуки за општините за други сфери од енергетиката.

aleksandar dukovski_4

Со кои потешкотии се соочуваа општините и кои се резултатите од имплементацијата на проектот?

-Потешкотии секогаш ќе има, само ќе се менува во кој дел тие претставуваат бариера. Првично се увиде дека недоволната екипираност и знаење за ЕЕ се бариера во планирање и спроведување на мерки за ЕЕ, но со обуките и поддршката што АЕРМ ја дава, полека ја тргнавме бариерата.

Достапноста на финансиски средства или механизми за поддршка на мерките е потешкотија, но со контакти со другите институции, организациите и банките во Република Македонија, сметам дека и тоа ќе се реши. Ќе треба да се погледне во одредени делови и во законската и регулаторната рамка за соодветни подобрувања, како и во начинот на спроведување на јавните набавки, но на тоа ќе се фокусираме во наредниот период.

Што се однесува на резултатите од проектот, досега сè оди според планираната динамика. Очекуваме во следниот период неколку проекти да бидат спроведени, како промена на улично осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки, термичка изолација на општински објекти и промена на водните пумпи со поефикасни и регулирани системи. Штом ќе бидат спроведени проектите, ќе ја информираме вашата редакција за крајните резултати.

Кои се предизвиците на општините во наредниот период? И воедно, какви се вашите очекувања и согледби?

-Општините имаат многу да работат во следниот период. Енергијата полека станува комодитет со кој се тргува и воедно услуга од која се бара соодветен квалитет, тоа само по себе овозможува развој на иновативни механизми за менаџирање како и потенцијал за нови бизниси.

Општините тука ќе имаат доста големи предизвици да ја согледаат и најдат својата улога, се надевам дека и ние, институциите во државава ќе бидеме достојни на задачата да им помогнеме во периодот што следи. Во согласност со утврдената динамика за либерализација на енергетскиот сектор (електрична и топлинската енергија), општините ќе треба да бидат активни учесници на пазарот и тоа ќе воведе нова динамика во нивното работење.

Кои се наредните планирани активности на Агенцијата за енергетика на Република Македонија?

-Во следниот период, АЕРМ ќе се фокусира на зголемена соработка со останатите чинители во енергетскиот сектор, како во Република Македонија така и надвор од неа. Имаме во план да ги разгледаме потенцијалните бариери за воспоставување и правилно функционирање на ESCO компании, ќе направиме анализи на законската и регулаторната рамка за поедноставување на спроведување мерки за ЕЕ, и ќе ги разгледаме можностите за соодветно финансирање на економски исплатливи мерки за ЕЕ.

Воедно, работиме и на анализи за алтернативен развој на обновливите извори на енергија во земјава преку пасивни мерки и нивна дерегулација. Нè чека интересен период кој ќе биде полн со предизвици, но сме убедени дека одиме по вистинскиот пат, што ќе ѝ овозможи здрава и енергетски ефикасна иднина на Република Македонија.

3 Коментари

  1. A be ovoj e totalno nepismen opsto, a za merki za EE da ne zboram, kade i da bil od sekade izbrkan. Istrazuvajte malku.

  2. Zoran Strumica-gas

    Da vi spodelam edna informacija-posle pet godini postoenje i prekrasen proekt za gasifikacija na Strumica kako bre nitu ednas ovaa agencija za energetika ne se zainteresira da dojde da vidi sto e toasto go napravivme.pozz

    • Od redakcija na Porta 3

      Zatoa nie vo naredniot broj na Porta 3 , vo prodolzenie na temata za gasifikacija od mas.ing. Mirko Stojanovski ke imame, so golemo zadovolstvo i opis na Strumickiot proekt. Pozdrav

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top