Насловна / Вести / Железнички линии до Албанија и Бугарија до 2025

Железнички линии до Албанија и Бугарија до 2025

Проектната и тендерската документација за изградба на пругата Кичево- Лин е готова и за неа се потрошени 7,7 милиони евра.

Евроамбасадорот Семуел Жбогер изјави дека ЕУ дава значење на овој проект со кој ќе се доградат деловите што недостасуваат за трансевропската транспортна мрежа. Со оваа железничка линија, Македонија се поврзува со пристаништето во Драч. Пругата е во должина од 63 километри.возови

За изградба на пругата од меѓународни кредитори ќе се бараат потребните 500 милиони евра. Министерот за транспорт и врски Сугарески апелира до ЕУ да ја поддржат реализацијата на овој клучен проект.

За изградбата на пругата од Кичево до границата со Албанија и до изградбата на пругата кон Бугарија, е поставен рок до 2025 година.

Изградбата на делницата Куманово – Бељаковце ќе биде завршена до 2019 година. Идната година ќе треба да почне изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Железничката линија на Коридорот 8 е со должина од 315 километри.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top