Насловна / Архитектура / Заха Хадид на поштенска марка во Ирак

Заха Хадид на поштенска марка во Ирак

Ирачката поштенска служба оддаде почит на неодамна починатата архитектка Заха Хадид, така што нејзиниот лик кој е ставен на поштенската марка претставува комбинација на два нејзини различни портрети.zaha-hadid-postanska marka

Славната архитектка родена во Ирак, а почината на 65 годишна возраст, е една од двајцата архитекти кои се нашле во новата серија на ирачките поштенски марки заедно со Мохамед Маки кој почина оваа година на 101 годишна возраст.maki

Поштенската марка е направена со монтажа на две различни фотографии. Едната од нив е реализирана непосредно пред нејзината смрт, кога таа била избрана за победник на РИБА наградата за 2016 година, додека другата е нејзината позната фотографија за списанието Тајм.zaha-hadid zaha-hadid2

Заха Хадид се појавува на марката од 750 ирачки динари, додека ликот на архитектот Маки е резервирана за поштенската марка од 1.000 ирачки динари.

Испрати коментар

Scroll To Top