Насловна / За Нас

За Нас

Драги читатели!

Порта 3” е единственото стручно списание за градежништво, архитектура и екологија во Македонија. Списанието во месецот Јануари, 2021 година, го издаде своето 300-то издание, на што сме особено горди.

Но како започнавме. Со нови идеи во медиумските води, беше слоганот под кој на 29.12.2004 година на македонскиот медиумски простор се појави првиот број на Порта3, по идеја на г-динот Благоја Дончев. Надвор од клишеата, тој внесе свежина во медиумскиот простор на Македонија. Најпрвин излегуваше во формат на дневен весник на 32 страници, од кои 16 беа во боја. Потоа неколкупати го менуваше својот лик. Најголемата трансформација се случи во 99-тиот број, кога го сменивме форматот и “Порта 3” прерасна во списание со современ изглед. По една година, го направивме редизајнот на списанието. Станува збор за поинаков формат и ново графичко решение, со кое се трудиме да ги следиме светските трендови.

Зошто “Порта”? Портата означува влез во или излез од нешто. Таа претставува почеток на откривање на нов свет, почеток на сите истражувања, почеток на сите иновации. Целта е да влеземе во медиумските води со нови идеи, со нови погледи, да се доближиме до читателот, да го информираме, но и да го едуцираме.

Зошто “3”? Тројката ги симболизира главните содржини на весникот и порталот. Градежништво, архитектура и екологија. На страниците од весникот се наоѓа се што е поврзано директно или индиректно со нив. Пред се инвестициите, економијата и можностите за унапредување на градежништвото.

Овде има место за компаниите и нивните производи и услуги, како и успешните поединци и нивните дела. Иако првенствено наменет за луѓето кои професионално се занимаваат со градежништво, во него се третираат и дел од проблемите со кои обичниот човек се соочува секојдневно. Совети како да се уреди домот или непосредната околина, како да се стекне живеалиште, како да се реновира станот, како да се уреди деловниот простор и тн.

porta3_za_nas.jpg

Во време кога информативната технологија брзо се менува, а следејќи ги истовремено светските медиумски трендови и навиките на читателите, се одлучивме како редакција за неколку промени во издавањето на нашето списание.

Од јуни 2013, „Порта3“ стана месечник, кој излегува секој последен петок во месецот. Новиот концепт е насочен на унапредување на професионалниот квалитет на рубриките и содржините, за да креираме пред вас еден врвен материјал, кој ќе го задржи вашето внимание 30 дена.

Паралелно, нашата веб страна прерасна во веб портал, кој ни овозможува зголемена и поинтензивна интеракција со вас, нашите читатели и секојдневно пласирање на корисни и интересни информации. Веруваме дека создадовме место на кое редовно можете да ги следите темите од градежништвото, архитектурата, екологијата, енергетската ефикасност, дизајнот, ентериерите, уметноста, хортикултурата…

Scroll To Top