Насловна / Вести / Втор блок во електраната Пљевља

Втор блок во електраната Пљевља

TE-pljevlja
Одборот на директори на „Електростопанството на Црна Гора“ одлучи со прашката „Шкода“ да влезе во преговори во врска со изградбата на вториот блок на Термоелектраната во Пљевља. Компанијата „Шкода Праха“ понуди изградба на вториот блок со моќност од 254 мегавати по цена од 338,5 милиони евра, додека годишното производство на електрична енергија би било 1.600 гигават часови. Според тендерските услови, „Шкода Праха“ е должна да обезбеди кредит на инвеститорот во висина од 85 отсто од инвестицијата, пишува подгоричка „Побједа“.

Испрати коментар

Scroll To Top