Насловна / Вести / Во Струга почна да се гаси пожарот на дивата депонија

Во Струга почна да се гаси пожарот на дивата депонија

По неколкудневното дишење на загаден чад и протести на граѓаните на Струга, од синоќа почна гасењето на пожарот на дивата депонија недалеку од Струга.

Надлежните институции конечно од вчера испратија соодветна механизација за гасење на пожарот што веќе неколку дена предизвикува сериозни проблеми.deponija

Стружани со години од надлежните органи бараат решавање на овој проблем, а  сега и итна интервенција за гасење на пожарот на депонијата која е на само 500 метри од градот. Граѓаните бараат депонијата да се дислоцира и стратешки да се реши овој проблем.

Ветувања и од локалните власти и од Министерството за животна средина имаше, но резултат немаше. Од депонијата и натаму чади. Надлежните велат дека веќе денеска ќе се обидат да го сопрат пожарот, а потоа и да ја конзервираат депонијата.

Испрати коментар

Scroll To Top