Насловна / Вести / Во подготовка е план за заштита на Белчишкото блато

Во подготовка е план за заштита на Белчишкото блато

Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамки на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ финансиран од проектот CRESSIDA и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Скопје, одржа работилница  во рамките на  изработката на планот за зачувување на Белчишкото блато.Целта на работилницата беше да се добијат сознанија преку специјално дизајниран прашалник за ставовите на месното население за идниот режим на заштита кој треба да го добие блатото како дел од европската мрежа на заштитени подрачја НАТУРА 2000.

belcisko 2

Инаку Белчишкото Блато попознато како Сини Вирој претставува редок и важен локалитет на национално и меѓународно ниво. Тоа е дел од националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување. Блатото е реликт од некогашното Десаретско Езеро, со кое Дебарца била поплавена во плиоценот.

Испрати коментар

Scroll To Top