Насловна / Градежништво / Во Банкок ќе се гради највисоката кула во Југоисточна Азија

Во Банкок ќе се гради највисоката кула во Југоисточна Азија

AR-141019473
Тајландската корпорација „Grand Canal Land“ го објави почетокот на работите на изградбата на највисоката зграда во југоисточна Азија, која треба целосно да биде готова за шест години.

„Супер кулата’’ ќе има 125 ката, а највисокиот кат ќе биде на 615 метри над тлото. На 12 хектари површина, овој градежен џин ќе има повеќе хотели, бизнис и шопинг центри, како и повеќе објекти за забава и спортување.

Новата „Суперкула“ во Банкок по висина ќе ја надмине сега највисоката зграда во регионот, кулите-близначки на „Петронас’’ во Куала Лумпур. Покрај приматот во југоисточна Азија, оваа градба ќе биде и на листата на десетте највисоки згради во светот.

Испрати коментар

Scroll To Top