Насловна / Архитектура / Светското првенство во Катар ќе се игра на стадион од транспортни контејнери

Светското првенство во Катар ќе се игра на стадион од транспортни контејнери

Со цел активно учество во развојот на одржливото градење, Катар, кој ќе биде домаќин на Светското првенство во 2022 година, го претстави проектот на стадионот Ras Abu Aboud кој речиси во целост ќе биде изграден од контејнери што ќе се овозможи негова демонтажа по завршувањето на првенството.катар стадион (4)
Стадионот ќе може повторно да се монтира на некоја друга локација или неговите сегменти ќе се искористат за изградба на помали објекти.катар стадион (1)
Модуларните елементи ќе бидат претходно изградени во фабрика и ќе се разликуваат во зависност од нивната функција. Некои од нив ќе вклучуваат места за седење, а во некои ќе има тоалети или продажни штандови.катар стадион (2)
Стадион Ras Abu Aboud ќе биде изграден од контејнери за транспорт, со што исто така ќе се намали количината на отпад, како и емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата.
Проектот на овој необичен стадион, кој ќе има 40.000 седишта, е резултат на соработката на компаниите Fenwick Iribarren, Schlaich Bergermann Partner и Hilson Moran, пишува Inhabitat.катар стадион (3)
Планирано е стадионот Ras Abu Aboud да биде изграден до 2020 година, на локација која се наоѓа во близина на Доха, со вкупна површина од 450.000 квадратни метри.катар стадион (5) катар стадион (6)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top