Насловна / Ентериери / SoHo – Penthaus B

SoHo – Penthaus B

пентхаус б_04

Пентхаус Б е прекрасен стан, кој се наоѓа во СоХо Галерија во Њујорк. На кратко растојание од главниот дел од Сохо, овој пентхаус до неодамна беше речиси празен простор. Тој помина низ метаморфоза, под водство на архитектите Edvard Sigel и Ernest de la Tore. Овој импресивен дуплекс денес претставува елегантен микс од азиско-инспириран средновековен модернизам со елементи на гламур од Арт Деко стилот.пентхаус б_05
Влезното фоаје со панели од дрво лешник дава веднаш до знаење дека се работи за неверојатен простор. Столбовите покриени од истото дрво со детали од црн челик, во комбинација со подови од темен даб, како и функционален камин и високи тавани, ја создаваат атмосферата на елегантен дом.
Овој стан има околу 500 м2 простор за живеење, кој се состои од три убави и луксузно декорирани спални соби и три бањи. Исто така, овој пентхаус има повеќе приватни визби за складирање, како и винска визба со контролирана температура. Покрај сето ова, од овој пентхаус се овозможува панорамски поглед на Њујорк, а за специјално уживање, тука е и прекрасната тераса. Цената на овој пентхаус е 20 милиони долари.пентхаус б_09 пентхаус б_08 пентхаус б_07 пентхаус б_10 пентхаус б_11 пентхаус б_06 пентхаус б_03 пентхаус б_01 пентхаус б_02 пентхаус б_12

Испрати коментар

Scroll To Top