Насловна / Вести / Собранието ги изгласа заклучоците за состојбата во поплавените подрачја

Собранието ги изгласа заклучоците за состојбата во поплавените подрачја

По речиси целодневна расправа во која доминираа меѓусебните обвинувања во неделата вечер пратениците во Собранието ги изгласаа заклучоците за состојбата во поплавените подрачја во скопско по невремето од 6-ти август во кое животите ги загубија најмалку 22 лица.собрание

Со усвоените заклучоци, меѓу другото, Собранието се заложува државните и сите надлежни институции да продолжат да излегуваат во пресрет на жителите од погодените подрачја се до конечно отстранување, санирање и ублажување на последиците од катастрофалната временска непогода. Се бара Владата да го реализира заклучокот за авансно обесштетување на погодените семејства и да продолжи да се ангажира за брза проценка на штетите, а државните институции да преземат законски мерки против оние кои ја злоупотребуваат настанатата состојбата за финансиска полза.

Владата треба да изврши процена и доколку е потребно да пренасочи средства од одредени тековни буџетски ставки во надлежни институции со цел справување со последиците од катастрофалната временска непогода. Министерството за финансии и Владата да подготват, а Собранието да разгледа одлука за прераспределба меѓу буџетските корисници со кои ќе се обезбедат средства за обесштетување на семејствата на загинатите лица, загрозените семејства, како и за санирање на штетите. Средствата кои досега не се преземени за владини проекти да бидат доделени на настраданите, како и одржување надзорна расправа во Собранието за утврдување на одговорноста на надлежните институции.

Испрати коментар

Scroll To Top