Насловна / Арт и дизајн / Скутерот „Веспа“ слави 70 години од своето постоење

Скутерот „Веспа“ слави 70 години од своето постоење

Италијанската компанија Piaggio, односно производителот на легендарниот скутер „Веспа“, го прославува својот 70-ти роденден.vespa 70 godini_6

Во 1946 година, точно на 23 април, во Фиренца е патентиран првиот италијански скутер, попознат под култното име „Веспа“. За многу кратко време, ова едноставно возило стана не само симбол на Италија, туку и глобално препознатливо и популарно. Неговиот креатор Enrico Piaggio ја нарачал првата „Веспа“, и од тогаш се продадени 18 милиони во целиот свет.vespa 70 godini_5

Иако многумина со свој дизајн низ сите години се обидувале да го копираат и да создадат нешто подеднакво популарно, „Веспа“ успеала да се задржи од самите почетоци до денес на тронот и да стане синоним за стил, мода и италијански дизајн, а стана и симбол на некои филмски остварувања како што се Roman Holiday и Quadrophenia, но и на новите како што се The Man From U.n.c.l.e. и Alfie.vespa 70 godini_1

vespa 70 godini_4 vespa 70 godini_3

За да ги одбележи своите успешни седум децении, компанијата одлучила ексклузивно во продажба да го пушти моделот Vespa Settantesimo, кој според дизајнот е речиси идентичен со моделот од 1946 година.vespa 70 godini_2

Еден коментар

  1. Ненад Тониќ

    Во Далмација постоела (можеби се уште се пренесува) мит-приказна која вели дека оригиналните нацрти за мопед многу сличен на подоцнежната Веспа биле дело на локален автомеханичар, заљубеник во моторите, пред II Светска војна. Тие скици, наводно, исчезнуваат во текот на италијанската окупација на тој дел од Јадранското крајбрежје, за да веднаш по војната во Италија се појави фамозната Веспа. Заклучокот сам се наметнува. Ова е тема за која на времето пишуваше Политикин Забавник и која, по толку години, ми има останато во сеќавање.

Испрати коментар

Scroll To Top