Насловна / Вести / Се гради најголемиот аутлет комплекс во Хрватска

Се гради најголемиот аутлет комплекс во Хрватска

Zagreb Designer Outlet Croatia

Компанијата IKEA Centres, која е дел од централната трговска група IKEA започна проект вреден 33 милиони евра за изградба на првата фаза од комплексот Designer Outlet Croatia кој ќе биде сместен покрај стоковната куќа IKEA во Загреб.

Во првата фаза проектот ќе се протега на површина од 15.000 квадратни метри со 90 локали со просечна површина од 170 квадратни метри, кои закупците ќе можат да ги спојуваат за потребите од поголеми дуќани.

Zagreb designer outlet

Посебен шарм на искуството на купување во комплексот Designer Outlet Croatia ќе му даде архитектурата инспирирана од стилските елементи на куќите во Славонија, Истра, Кварнер, Далмација, Загреб и северозападна Хрватска.

Отварањето се планира за пролетта 2018 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top