Насловна / Вести / Само 2% од граѓаните на Скопје го селектираат отпадот

Само 2% од граѓаните на Скопје го селектираат отпадот

Само 2% од жителите на Скопје целосно го селектираат отпадот што го фрлаат, додека 5,7% од нив го фрлаат сметот во посебни контејнери за селекција на отпад. Ова го покажува анкетата со 300 испитаници од главниот град, спроведена од здружението на граѓани „Гоу Грин“, која во вторникот  беше претставена на јавната дебата „Дали го селектираме отпадот во нашите домови“ што се одржа во Скопје.

gogreen-logo-700x241

 

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој присуствуваше на настанот, најави нов правец во третирање на отпадот во земјава, преку зајакнување на инфраструктурата за отпад и подигање на свеста за оваа проблематика. Настанот беше организиран во рамките на Европската недела за намалување на отпадот.

 

Еден коментар

  1. Да не заборавиме дека контејнери за селектиран отпад нема ни во 2% од општините во нашата земја. Како да бидам мотивиран да селектирам отпад, кога за да го фрлам истиот во соодветни контејнери треба да патувам минимум 4км од мојот дом. Лесно е да ги критикуваме граѓаните и како нивната свест е на ниско ниво, но според мене прво треба да се обратиме на тие што менаџираат со општините. Политиките и законите за селектирање на отпад во земјите каде што тоа фунцкионира првично го спроведуваат тие што го предлагаат истиот закон, а да не заборавиме дека живееме во општество каде што законите најмногу ги прекршуваат тие што ги носат истите.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top