Насловна / Вести / Салата во „Коменски“ со нов лик и енергетски ефикасна

Салата во „Коменски“ со нов лик и енергетски ефикасна

sala komenski energetski efikasna _2

Спортската сала во основното училиште „Јан Амос Коменски“ стана енергетски ефикасна. Општина Карпош во рамки на проектот за енергетска ефикасност комплетно го реновираше објектот стар речиси 40 години.
Инсталирана е комплетно нова надворешна изолација на ѕидовите, со 10 сантиметри стиропор, поставена е нова покривна изолација од 20 сантиметри камена волна, а заменет е и стариот азбестен покрив со нов, изработен од висококвалитетен пластифициран лим.
Објектот доби и нови прозорци и врати кои ќе ја подобрат звучната изолација, но исто така ќе влијаат и врз заштеда на топлинската енергија, а во внатрешниот дел од спортската сала се комплетно реновирани соблекувалните, тоалетите и туш-кабините. Салата доби и нов паркет, нови радијатори, заштитни мрежи… Заменето е и старото електрично осветлување.

sala komenski energetski efikasna _1
„Освен современиот изглед, од особена важност е поставувањето на новата електрична и водоводна мрежа“, велат општинарите од Карпош.
Според програмата за енергетска ефикасност на Општина Карпош, реконструираниот училишен објект, како и училишната зграда заедно со останатите шест објекти на детските градинки кои ќе бидат реконструирани во тековната и наредната година, се предмет на изработка во рамки на обуките за енергетски контролори што ги спроведуваат овластените обучувачи од невладината МАЦЕФ, Машинскиот факултет во Скопје и од ЦЕПРОСАРД. Кандидатите изработуваат енергетски извештај и сертификат – пасош, како задача во практичниот дел од испитот.
Од особена важност е што овие изработени трудови ќе бидат основа за оформување на тендерските барања на кои ќе се базираат изведбите на реконструкциите на овие објекти. Со нивното завршување, Општина Карпош ќе спроведе постапка за реализација на енергетски сертификати – пасоши за сите 20 објекти на училишта и градинки од својата територија.

Испрати коментар

Scroll To Top