Насловна / Вести / Рокфелерови нема да вложуваат во фосилни горива

Рокфелерови нема да вложуваат во фосилни горива

rokfeler centarНаследниците на семејството Рокфелер, кое стекна огромно богатство во бизнисите со нафта, имаат намера да го продадат својот имот поврзан со фосилни горива и да ги вложат средствата во еколошки чиста енергија, пренесува Танјуг.

Претставниците на Фондот на браќата Рокфелер тоа го објавија спроти денешниот самит во Обединетите нации за климатски промени, кој се одржува во Њујорк. Иако Фондот во прво време ќе задржи близу шест проценти во областа на фосилни горива, со тек на време вложувањата во таа гранка ќе ги сведе на нула.

Заедно со Фондот на браќата Рокфелер во сојузот на инвеститори кои одлучиле да ги прекинат вложувањата во фосилни горива влегоа 180 организации и 650 приватни лица. Тие го презедоа тој чекор во рамките на меѓународната инцијатива Global Divest-Invest, која пред неколку години ја осмислија американски студенти, пренесе New York Times.

Global Divest-Invest е економска платформа која овозможува да се повлече имотот од областа со „валкани“ технологии и потоа да се вложи во еколошки чисти проекти. Од почетокот на оваа година обемот на инвестиции кои фондовите, верските организации и универзитетите одлучија да ги пренесат во еколошки чисти проекти е удвоен.

Испрати коментар

Scroll To Top