Насловна / Архитектура / Привршува изградбата на елитниот станбен комплекс Ветрило во скопско Сопиште

Привршува изградбата на елитниот станбен комплекс Ветрило во скопско Сопиште

Откако се појавија првите фотографии од Ветрило, овој елитен станбен комплекс го привлече вниманието на јавноста, предизвика интерес и љубопитност. Ветрило промовира нов стил на живеење, во мирна и еколошка средина, надвор од градскиот метеж а сепак на само 6,5 километри од центарот на Скопје, во близина на општината во с. Сопиште.
Голем број луѓе пројавија интерес, го посетија местото уверувајќи се во хармонијата што се чувствува на овој простор, и пред се во чистината и свежината на воздухот што постои на ова место. И самото име Ветрило кажува дека ова е место каде ветрот не дозволува да се задржува смог и штетни честици во воздухот, проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град.
А, комплексот се гради интензивно, за што сведочат и сликите што ги направи нашата редакција овие денови. Во моментов се прават улиците меѓу објектите, како и пристапот до самиот објект од регионалната улица. Сите администрaтивни работи се завршени, а дел од станарите што први се одлучија да купат објект, веќе се договараат со инвеститорот за внатрешното просторно уредување. Затоа инвеститорот, компанијата Интерсофт ЛТД, размислува  дека најубаво е да се купи куќа дури е во градба за да можат самите или со помош на архитектите да учествуваат во изборот за уредување на внатрешниот ентериер по сопствена желба.

1
Комплексот е свртен спрема исток, југ и југозапад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и да се овозможи и поубав поглед. Видео https://drive.google.com/file/d/0B2Q3ZKgZiWsqRXU1TnRpQkN1bVU/view?invite=CMLEyMQP&ts=56c77585&pref=2&pli=1
Станува збор за внимателно осмислен нов концепт на куќи кои ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. Со купување куќа во комплексот Ветрило трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух. Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер. Куќите што се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водни лудории архитектите осмислија и простор за базен. Ветрило е новата надеж на скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.
Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од Институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација, што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом.

vetrilo-napredna-faza
Комплексот се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м2, распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинско купатило, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Секоја станбена единица е со висока класа на енергетска ефикасност, приклучена на заеднички централен систем за греење и ладење, кој овозможува и постојана топла санитарна вода. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 160-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.
Самиот комплекс е поделен со две внатрешни новопроектирани улици кои, пак, овозможуваат дополнителна приватност. Инвеститор е компанијата Интерсофт ЛТД, градежна компанија која над 15 години гради современи простори за домување.

Цената е 848 евра по квадрат плус 5% данок, со вклучено дворно место. Ветрило е дел од проектот на Владата на Р. Македонија „Купи Куќа, купи стан“, што овозможува субвенциониран кредит за оние што ќе сакаат да купат куќа во овој комплекс.
Прашања можете да поставите преку фејсбук фан страната  Преку меил info@intersoft.com.mk,   intersoft.doo@gmail.com  или на Телефон: +389 2 3227941, +38975 254 956

Испрати коментар

Scroll To Top