Насловна / Архитектура / Прекрасно уредена винарија во Австралија која зрачи со европски стил на декорација

Прекрасно уредена винарија во Австралија која зрачи со европски стил на декорација

Винариите сами по себе се секогаш доживување и незаборавно искуство. Меѓутоа, во последно време, не само по пробувањето на разни сорти вина, но исто така, винариите стануваат привлечни и по ентериерот и амбиентот во кои се вградени.

Една таква прекрасна винарија се наоѓа во Австралија, со име Tarrawarra за чиј проект е заслужна архитектката Керстин Томпсон.винарија во австралија (7)

Винаријата, всушност, се наоѓа во сутерен, а во неа се влегува преку голема порта која е вградена во еден вид на камена карпа.

Просторот во кој преовладуваат ладни тонови и многу модерни парчиња на мебел кои потсетуваат на минимализмот, го креираат трпезарискиот дел од зоната каде што винските буриња се одделени само со стаклен ѕид.винарија во австралија (6)

Со овој мудар потег, гостите дегустатори може да го гледаат циклусот на правењето вино, буквално од грозјето до чашата. Интересно е дека оваа визба во никој случај не одава впечаток дека тука се случуваат различни процеси на правењето на вино, поради тоа што е пред се, застапена елеганција и чистотата на просторот, а гостите, исто така, може да ѕирнат и низ прозорецот на винарската визба, каде погледот се протега на околните раскошни лозја. Инаку, Tarra Warra се наоѓа во Yarra Valley, регион во источниот дел на Мелбурн во Австралија.винарија во австралија (5) винарија во австралија (4) винарија во австралија (3) винарија во австралија (2) винарија во австралија (1)

Испрати коментар

Scroll To Top