Насловна / Архитектура / Подвижни соби кои се контролираат со копче

Подвижни соби кои се контролираат со копче

SharifiHousenextoffice2

Куќата Sharifi во Техеран на интересен начин ги комбинира убавиот и модерен дизајн со иновативната технологија на заштеда на простор. Просторот се контролира со притискање на копче. Иранските архитекти од Nextoffice, креираат серија на полу-мобилни простории кои можат да ротираат со цел да обезбедат дополнителен простор и поголемо количество сончева енергија.

SharifiHousenextoffice11
Урбаната трикатна куќа е составена од главен фиксен волумен и подвижни делови кои се присутни на секој кат. Ова е одлично решение за долга и тесна локација како што е оваа каде е сместена куќата. Архитектите го прифаќаат овој предизвик, третирајќи ја фасадата како тродимензионална сцена наместо стандардната дводимензионална површина. Собите може да се подредат во линија на главниот волумен или да ротираат под прав агол во однос на него.

SharifiHousenextoffice3 SharifiHousenextoffice4 SharifiHousenextoffice5 SharifiHousenextoffice6

Со оваа адаптибилност, сопствениците на оваа куќа можат да го менуваат просторот според своите потреби. Изгледот на домашната канцеларија или собата за појадок може да се трансформира зависно од годишната сезона или приликата. Секогаш има можност за различни сезонски или светлосни сценарија, што значи дека живеалиштата имаат многу повеќе да кажат за својата функционалност и естетика.

SharifiHousenextoffice7 SharifiHouse-Instructions

Испрати коментар

Scroll To Top