Насловна / Вести / Почна конструкцијата на кружниот тек Дујле во Штип

Почна конструкцијата на кружниот тек Дујле во Штип

dujle

Локацијата каде што традиционално се случува „Штипската пастрмалијада“ ќе добие нов изглед. Во пресрет на 10. издание на манифестацијата, Општина Штип презеде активности за уредување на крстосницата „Дујле“ која ќе добие кружен тек.

dujle1

Проектот е изготвен и од денес започнаа активности за уредување на крстосницата. Сообраќајот ќе биде пренасочен, а се очекува активноста да заврши за десетина дена со цел новото издание на Пастрмалијадата да се случува на подновената локација.

dujle2

Инаку станува збор за крстосница која се наоѓа веднаш до градскиот стадион и која се наоѓа пред влезот во централниот дел на градот.

 

Еден коментар

  1. bravo….super za stip

Испрати коментар

Scroll To Top