Насловна / Вести / Почна да се гради штипската обиколница

Почна да се гради штипската обиколница

Почна да се гради мини обиколницата од штипската населба Сењак до фабриката за чевли „Баргала“ во Штип. Станува збор за еден од најголемите инвестициски проекти на Општина Штип кој беше проценет на 57.7 милиони денари, но по извршената лицитација, тој ќе се реализира за 36.5 милиони денари или околу 590.000 евра. Проектот во наредните шест месеци ќе го реализира штипската компанија „Актива“.obikolnica-stip

Градежната фирма која го реализира проектот бара граѓаните кои имаат времени објекти, бараки покрај коритото на реката Брегалница итно да ги отстранат за да нема пречки во работата.

„Ги информираме граѓаните на Штип кои поседуваат времени објекти од типот на шупи, бараки, места за чување стока и живина, како и други објекти за кои немаат одобрение, долж коритото на река Брегалница, нив итно да ги отстранат заради нови градежни зафати на локалната самоуправа. Граѓаните треба да ги остранат објектите на потегот долж реката Брегалница од лева и десна страна, на потегот од фабриката Баргала па кон поранешниот ресторан Пелагонија. Доколку не го сторат тоа самите, Општината нив ќе ги отстрани, а средствата за реализација ќе паднат на товар на имателите на овие објекти“, изјави портпаролот на Општина Штип Драган Ристов.

Испрати коментар

Scroll To Top