Насловна / Вести / Пет најплатени еколошки професии на иднината

Пет најплатени еколошки професии на иднината

Во светот, пред сѐ во Европа, каде што еколошката свест е на многу повисоко ниво од балканските земји, постојат голем број еколошки професии, кои за нас не се познати, а се нарекуваат и зелени професии. Некои од нив се урбани одгледувачи на градини на покривите, луѓе што рециклираат, инженери за еколошки градби, дизајнери на зелени градби, специјалисти за искористување на енергијата на ветрот и сл. Знаеме дека тука работите се многу поинакви кога станува збор за екологија, но за неколку години ќе се сменат.Chinese Female Woman Scientist With Flask In Laboratory

Според истражувањата, следниве пет професии ќе бидат водечки еколошки професии на иднината.

1. Екоремедијатор, аналитичар за заштита на животната средина и специјалист за екоремедијација, со  плата од 2.000 до 10.000 евра. Оваа професија ќе има цел отстранување на загадувачите со помош на билки, бактерии и на други корисни микроорганизми. Исто така, екоремедијаторот може да изработува планови и програми за унапредување на квалитетот на животната средина, координација и реализација на проекти во областа на ремедијацијата, мониторинг на земјиштето, подземните води, седиментите, како и дизајнирање, инсталирање и тестирање на овие системи.

За оваа професија е потребно соодветно образование како дипломиран биолог-еколог или аналитичар за заштита на животната средина со можност за постдипломски студии и специјализација во областа на екосистемските технологии, инженерство, екодизајн и екоремедијација. Идеално место за вработување и за воведување на оваа професија се јавните служби и установи, општините, агенциите и дирекциите за животна средина, министерствата, факултетите, истражувачките институти и многу други места.pet ekoloski profesii 1

2. Аналитичар или менаџер за управување ризици во животната средина како што се пожари, поплави и различни видови загадување, месечна плата од 1.500 до 12.000 евра. 

Луѓето што ќе се занимаваат со оваа професија ќе прават анализи за влијанието на климатските промени, како и изработка на планови за нивно приспособување, ќе прават процени за влијанието на животната средина, процени за ризик и за управување на ризиците во случај на еколошки катастрофи и сл. За оваа професија се потребни најмалку постдипломски студии за управување ризици во животната средина, интегрално управување на ресурсите, економија на животната средина и на климатските промени, еколошка безбедност. Професијата ќе биде популарна и во државните и во приватните институции.pet ekoloski profesii 2

3. Менаџер за отпад, ќе управува надгледување, транспорт и складирање на отпадот, како и организирање на неговото рециклирање. Месечната плата за оваа професија ќе се движи меѓу 1.000 и 8.000 евра.

Личноста што ќе ја работи оваа професија ќе биде одговорна за изработка на планови за целосно организирање на процесот на собирање, складирање и на преработка на отпадот, склучување договори и реализација на соработка меѓу примарните, секундарните субјекти во собирањето на отпадот, јавните комунални претпријатија, како и компаниите за преработка на отпад, развој, промоција и спроведување нови техники за складирање на отпадот, како и анализи за ризици од неправилно складирање на отпадот. За оваа професија е потребна специјализација и постдипломски студии за управување отпад. pet ekoloski profesii3

4. Аналитичар за интегрално управување на ресурсите, месечна плата од 2.000 до 10.000 евра. Главните задачи на оваа професија се управување на природните ресурси на систематски начин, проекти за заштита и за зачувување на животната средина, заштита на шумите, земјиштата, водите, дивите животни. Во описот на работа влегуваат и надзор и спроведување на плановите за јавна и за приватна сопственост на земјиштата како што се парковите, природните добра, историските локалитети итн. Потребно образование ќе биде аналитичар за животна средина, интегрално управување на ресурсите, дипломирани биолози и еколози, како инженери за шумарство.pet ekoloski profesii 4

5. Економист за заштита на животната средина месечна плата од 2.500 до 12.000 евра. Главна задача на тие што ќе ја работат оваа професија е истражување на економските и на еколошките теми за алтернативна употреба на горива, загадување на водата и на воздухот, како и контрола и заштита на загрозените видови. Исто така, ќе се занимава и со процена на трошоците и на користа од различни еколошки активности, прописи што влијаат на животната средина, анализи на податоците врзани со животната средина, развивање програми за принципите на зелената економија, одржливост и заштита на животната средина. За оваа професија е потребна специјализација во насоката економија на животната средина, еколошка економија, како и економијата и климатските промени.

 Соња Танеска

Испрати коментар

Scroll To Top