Насловна / Арт и дизајн / Отворање на изложбата „Борко Лазески 1917-1993“

Отворање на изложбата „Борко Лазески 1917-1993“

Одбележувањето на 70 годишнината на Националната галерија на Македонија започна во месец февруари кој го посветија на уште еден голем јубилеј, 100 години од раѓањето на Борко Лазески. Чествувањето започна со промоција на монографското издание „Борко Лазески 1917-1993“ кое се случи на 08.02.2018 год. во Македонската академија на науките и уметностите.борко3

Одбележувањето продолжува со отворањето на изложбата „Борко Лазески 1917-1993“ во четврток, на 15.02.2018 година, во 19 часот, во Даут пашиниот амам.

На отворањето ќе се обратат министерот за култура на Р. Македонија, господинот Роберт Алаѓозовски, Соња Абаџиева, критичар и истакната личност од областа на културата и ликовната уметност и директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими.

борко2

На изложбата ќе бидат претставени шеесеттина дела од речиси сите творечки фази на авторот. Монографското издание и изложбата се финансирани од Министерството за култура на Република Македонија, а во реализација на истите учествуваат Влада на Република Македонија (Служба за општи и заеднички работи); Собрание на Република Македонија; Народна банка на Република Македонија; Министерство за одбрана (Касарна „Алекса Демниевски – Бауман“, Велес); Македонска академија на науките и уметностите; Музеј на град Скопје; Музејот на современата уметност – Скопје; Музеј на Македонија; Историски музеј Крушево; Хотел „Монтана“, Крушево; Завод и Музеј Прилеп; Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп; Центар за современа ликовна уметност – Прилеп; Завод и Музеј Охрид; Музеј Куманово; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Стопанска банка а.д. Скопје; Вардар филм; Македонски пошти Битола; ОСТЕН Музеј на цртеж, Скопје, Кинотека на Македонија, Македонска телевизија и значаен број приватни сопственици.

Куратор на проектот е Маја Чанкуловска Михајловска и истиот ќе може да се погледне до 05 април 2018 година.борко4

борко1

borko

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top