Насловна / Архитектура / „Oris – куќа на архитектура“ во реновиран простор во Загреб

„Oris – куќа на архитектура“ во реновиран простор во Загреб

oris (2)

Во сабота (31 јануари) во 13 часот ќе се отвори реновираниот простор на „Oris – куќа на архитектура“ во Загреб, Хрватска.

На повеќе од 600 метри квадратни атрактивен простор, „Oris – куќа на архитектура“ нуди галериски простор, мултимедијална сала со 150 седишта, место за читатели, канцелариски простор на редакцијата на списанието и порталот Oris и клуб ресторан Voncimer. Ова ново место е за промоција на архитектурата, дизајнот, уметноста, културата, за средби и состаноци на стручната и бизнис јавност, студентите и сите заинтересирани граѓани.oris

Освен изданија од сопственото издаваштво, на читателите им се нуди печатен материјал на повеќе од 150 видови на домашни и странски списанија и голем број монографии од областа на архитектурата, дизајнот, урбанизмот, културата и уметноста.

Испрати коментар

Scroll To Top