Насловна / Вести / Охрид добива плажи, марина…

Охрид добива плажи, марина…

121288637
Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека заврши електронското гласање на кое граѓаните можеа да изберат најдобро идејно решение за уредување на плажата на Охридското eзеро, во близина на Охридскиот аеродром.

Oд вкупно пристигнатите пет идејни решенија, избраното решение добинајмногу 56 проценти од вкупно 3.072 гласа. Во следниот период, ресорното Министерство ќе донесе решение за доделување награда, како и за исплата на трошоци за останатите идејни решенија. Предвидено е плажата да се изгради според највисоките туристички стандарди, без да се наруши еко-интегритетот на околината.

plazha-po-najvisoki-eko-standardi-171430
На плажата предвидено е да има песочна површина, да се заштити постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, како и да се уреди со клупи, фонтани за питка вода и пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Треба да има и шанк со кабина за музика, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити, а треба да биде обележан и просторот за капење во езерото. На плажата треба да се предвидат и места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава.

4335
Инаку во Охрид денес е соопштено дека владата ќе инвестира во изградба на пет плажи, марина, а со пешачка патека ќе се поврзат пристаништето и Канео. Во втора фаза е предвидена изградба на патека од “Канео“ до “Лабино“.

Градот треба да добие четири плажи на потегот од месноста Лагадин до Пештани и една плажа, онаа избраната како најдобра, од месноста Грашница, па се до хотелот „Далјан“. Изработката на проектот ќе започне во текот на 2014 годин, а во 2015 и 2016 година дефинитивно овие плажи ќе бидат изградени и уредени. Што се однесува до изградбата на марината во оптек се две локации, едната е локацијата во централното градско подрачје до старото градско пристаниште и втората локација е некаде околу каналот Студенчишта за која што треба да се остварат и некои други предуслови за нејзина реализација. Меѓу другото, двата објекта кои што во овој момент ги користат МО и МВР треба да бидат дислоцирани.

 

Испрати коментар

Scroll To Top