Насловна / Архитектура / Нов живот на Старата мелница во Белград

Нов живот на Старата мелница во Белград

hotel radison jokic (16)

Пред неполни четири месеци, свечено е отворено обновеното и доградено издание на некогашната Стара мелница во Белград. Инвестицијата на групата „Соравија“ е вредна околу 55 милиони евра. Вградени се 1.320.000 кг железо, потрошени се 13.100  кубни метри бетон, 155.000  гранитни коцки се поставени кај влезот, засадени се 48 стебла, приближно 20.000 парчиња мебел и внатрешни детали се искористија во опремувањето.

hotel radison jokic (4)

Денес, тоа е хотел со четири ѕвездички и одделна деловна зграда, ново име во белградскиот хотелиерски свет, под името на познатиот ланец „Радисон Блу“ (Radisson Blu Old Mill). Комплексот се состои од обновената зграда на Старата мелница, првата парна мелница во периодот помеѓу двете светски војни, доградените две кули каде се сместени собите и посебно одвоениот деловен објект од 10 ката со околу 3.400 метри квадратни за изнајмување.

hotel radison jokic (12)

Архитектонско-урбанистичкиот проект е дело на архитектите Сањин Грбиќ и Јован Јовановиќ, на чија основа фирмата „УМА архитектен“ (U.M.A-Architekten ) од Виена го направи главниот проект. За автентичниот проект на ентериерот, заслужно е берлинското архитектонско студио „Графт“ (GRAFT).

hotel radison jokic
Комплексот е сместен во стариот дел на Белград, во непосредна близина на авопатот, зградата на БИГЗ и саемскиот комплекс, што им овозможува на корисниците да имаат брз пристап до сите значајни делови од градот и случувањата. Деловниот дел на овој комлекс се состои од кула со 10 ката, која со својата едноставна форма не отскокнува од објектите со слична намена.

hotel radison jokic (20)

Фасадата е со стаклена обвивка, многу распространет концепт, кој, сепак, во еден свој дел има хоризонтални панели така што потсетува на фасадата од блискиот објект, зградата на БИГЗ, кој се карактеризира со континуирана хоризонталност на стаклената фасада.

Хотелскиот комплекс со четири ѕвездички, централниот дел од овој проект, има околу 25.000 квадрати, 236 модерни соби, 14 луксузни апатрмани, повеќе конференциски сали, лоби простор, ресторани, спа и фитнес центар, и други сервисни простори значајни за функционирање. Старата мелница го задржа автентичниот надворешен изглед, зградата од 1902 година, а на плоштадот пред хотелот се поставени оригиналните бакарни столбови од објектот. Внатрешноста на хотелот е дизајнирана на модерен начин, а инспирацијата е пронајдена во симболите на Белград и Србија. Дизајнот на ѕидовите од лобито асоцира на брановите од белградските реки, додека претежно присутната бела боја се однесува на митската бела боја на Белград. Ѕидовите на собите во кулите се рачно насликани и претставуваат уметнички дела, тридимензионални слики на студиото „Штраус&Хилегарт“ (Strauss & Hillegaart).hotel radison jokic (3)

Правата вредност на овој проект лежи во фактот што, иако објектите се нови, голема количина од претходниот објект е рециклирана. Така, има податоци дека приближно 400.000 парчиња стари тули се исчистени и денес го сочинуваат делот од ентериерот на објектот на ист начин како што биле и пред тоа. Дека не се застана само на ова, зборува и податокот дека заднината на рецепцијата на хотелот е всушност испеглан резервоар од некогашното здание. Сепак, и покрај големиот број повторно искористени елементи, внатрешноста на хотелот има многу модерен дизајн со опрема во необични форми и јасно вклопени бои, каде доминираат главно боите на бакар и тула, беж и бела боја.hotel radison jokic (15)

Внатрешноста ја сочинуваат и уметничките дела на Младен Миљановиќ. Како основен предмет е земен авомобилот Застава 101 „стојадин“. Инсталацијата „Ретровизија“ составена од 101 ретровизор претставува поглед наназад, ретроспектива на сè она што е направено досега. „Еволуција на формата“ е гравиран цртеж на мермер во форма на воен план во мирнодопски услови, дело кое претставува еволуција на популарниот „стојадин“ кој беше во производство повеќе од 30 години без промена на дизајнот. Ова дело ја прикажува неопходноста, дека работите се менуваат и напредуваат, бидејќи во спротивно времето може да ги прегази.hotel radison jokic (2)

Симболиката на средбата старо и ново, и покрај фактот што ова е нов објект со голем број стари рециклирани елементи, ја чини и необичната скулптура на плоштадот пред хотелот. Малку над водата се наоѓа вертикален црн ѕид во кој од две различни страни удираат автомобилите „стојадин“ и „ролсројс“ како симбол на средба, судир на два концепти, две класи, два системи и две различни времиња.hotel radison jokic (5)
Дека овој простор нема да стане уште еден од хотелите што нема многу контакт со околината и граѓаните, зборува и податокот што се организираат, за еден хотел малку необично, јавни настани како Street foot aperitivo, натпревар во фудбал на маса, каде ќе се продаваат регионални пива, бургери, сладолед и коктели. Едно летно попладне, со музика и очекувано голем број луѓе, плоштадот пред хотелот ќе биде место на јавен настан. Старата мелница има нов живот. На местото на сударот на старото и новото.hotel radison jokic (6) hotel radison jokic (7) hotel radison jokic (9) hotel radison jokic (11) hotel radison jokic (13) hotel radison jokic (14) hotel radison jokic (15) hotel radison jokic (17) hotel radison jokic (19) hotel radison jokic (21) hotel radison jokic (22) hotel radison jokic (23) Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade Radisson BLU Hotel Belgrade

Испрати коментар

Scroll To Top