Насловна / Вести / На продажба парцела за станбена зграда во Кисела Вода

На продажба парцела за станбена зграда во Кисела Вода

kisela voda parcela

Општина Кисела Вода објави оглас за продажба преку електронско јавно наддавање на градежна парцела за изградба на станбена зграда, со компатибилна класа за деловни и комерцијални намени

Понудената парцела со површина од 1.079 метри квадратни се наоѓа спроти паркот „Шопен” и на неа може да се подигне објект со бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метри. Почетната цена на земјиштето е 4.300 денари за метар квадратен.

Пријавата за учество на електронското јавно наддавање треба да се достави најдоцна до 23 овој месец на интернет адресата www.gradeznozemjiste.mk, а наддавањето е планирано да се одржи на 27 март.

Испрати коментар

Scroll To Top