Насловна / Вести / Максимално искористување на „бескорисна“ енергија

Максимално искористување на „бескорисна“ енергија

Во населбата Скарпнак што се наоѓа во јужниот дел на Стокхолм, се гради голем технолошки центар на податоци. Бидејќи компјутерите брзо се загреваат, Швеѓаните дошле до идеја да ја искористат таа, инаку „бескорисна“ енергија. Со помош на ваквата топлинска енергија од компјутерите ќе се грејат околу 30.000 домаќинства.Stockholm-Data-Parks

Енергетската компанија „Фортум“ која го води проектот, предвидува дека компјутерите во иднина би можеле да загреваат и повеќе од 10% од куќите и зградите. Со тоа, градските советници одлучиле да отворат повеќе компјутерски центри во Стокхолм.Stocholm1

Главниот град на државата, чиј слоган е „во чекор со времето“, со ова ќе стане еколошки понапреден. Тие веќе голем дел од топлината ја добиваат преку преработка на отпадот.stokholm

Испрати коментар

Scroll To Top