Насловна / Вести / Македонија единствена земја без либерализиран енергетски пазар?

Македонија единствена земја без либерализиран енергетски пазар?

Affiche sur le Berlaymont

Македонија може да биде  единствена земја каде  на  потрошувачите им е оневозможено да одберат снабдувач на електрична енергија. Домаќинствата се принудени да останат во зарбеништво до 2020 година, стои во Извештојот на Европската енергетска заедница. Во делот посветен за земјава се заклучува дека Македонија стагнира во спроведување на реформите во енергетскиот сектор.

Ранливите категории на  потрошувачи не се точно дефинирани во законот, иако државата месечно одвојува субвениции за енергетска сиромаштија – се посочува во извештајот.  „Мора да се спроведат Пазарните правила, но и задолжително да се донесе нов Закон за енергетика“,  сугерира Енергетската заедница. „Поранешната Југословенска Република Македонија, го пропушти рокот за имплементација на Третиот пакет од 1 јануари 2015 година.
Измените и дополнувањата на Законот за енергетика во октомври 2014 година иницираа неколку случаи на непочитување на Договорот, вклучувајќи пречки за отворање на пазарот, укинување  на веќе постоечките права.
Затоа, итно е потребно да се обезбеди соодветно транспонирање на барањата на третиот пакет, особено во смисла на отворање на пазарот и ефикасно регулаторно тело“, велат од Европска енергетска заедница.

Еден коментар

  1. А во исто време на овој извештај ЕВН не ЕДУЦИРА за Енергетска математика!…брееее…врв на лицемерие….да се чуди човек. Ќе не учеле како да ги промениме навиките за помалку да трошиме струја…

    …да се готви исклучиво на полноќ, како пепелашка 🙂 зошто само тогаш има ефтина струја (ако успееш вооопшто, многу е “ЈАК” напонот па дури и во центар, за периферија да не правиме муабет)

    …да го гасиш видеото од штекер, зошто LED диодата за stand by троши 15/16 kW месечно, врв!

    …да изедеш се во фрижидер пред да одиш на одмор за да го изгасиш, руши далновод од што
    трошел…не дај боже да имаш и за длабоко…

    …да се пикаш во една соба цела зима ако се грееш на струја, не се чалами…во кој век ти живееш па
    да се шириш низ цел стан или куќа…ненормален

    Има само една математика, а тоа е дека ЕВН се најголеми лицемери и монополистички апаши кои овој народ го крадат секој ден, дури и потрошувачкиот период им е наместен за да фатат по денар/два по домаќинство камата од луѓето кои ќе задоцнат со плаќање, гниди капиталистички!

Испрати коментар

Scroll To Top