Насловна / Архитектура / Луксузна вила со прекрасен поглед во Сингапур

Луксузна вила со прекрасен поглед во Сингапур

luksuzna vila vo singapur_16

Архитектонското студио Wallflower Architecture+Design ја дизајнирале вилата Far Sight во Сингапур. Вилата е изградена на повисок дел од земјиште, а задниот дел од имотот има прекрасен поглед на зелената околина и на овој богат кварт на Сингапур. Клиентот побарал од архитектите дом на два ката, и што е најважно, со тераса која е лоцирана во задниот дел, односно од која може да се ужива во прекрасниот поглед. Вилата е дизајнирана на еден интересен начин, односно со групирање на две форми. luksuzna vila vo singapur_02luksuzna vila vo singapur_01

Фасадата на овој луксузен дом има повеќе слоеви. На неколку места се поставени стаклени врати и масовни прозорци, кои им овозможуваат на сопствениците на овој дом да уживаат во големата количина на природна светлина. Приватноста е постигната така што се поставени хоризонтални алуминиумски паравани и вертикални ролетни. Внимателното планирање и дизајнирање на овој дом резултирало со дневна светлина во текот на денот која се „движи“ низ целиот дом, заедно со прималивото ветре што претставува здив на свежина.luksuzna vila vo singapur_03 luksuzna vila vo singapur_04 luksuzna vila vo singapur_05 luksuzna vila vo singapur_06 luksuzna vila vo singapur_07
Распоредот на просториите на првиот кат е многу едноставен: тој се состои од дневна соба, трпезарија, кујна, соби за гости и мал базен за деца. На вториот кат има семејна соба, покрај три спални соби. Главната спална соба има работен дел, кој е поврзан со таванот што е претворен во социјален простор и покривна тераса.
Терасата и гореспоменатиот таван се клучни елементи на оваа вила, трансформирани во совршени простори за забави. Исполнети со природна светлина и аура на свежина, сопствениците можат да уживаат во нив секој ден.luksuzna vila vo singapur_08 luksuzna vila vo singapur_09 luksuzna vila vo singapur_15 luksuzna vila vo singapur_14 luksuzna vila vo singapur_13 luksuzna vila vo singapur_12 luksuzna vila vo singapur_11 luksuzna vila vo singapur_10

Испрати коментар

Scroll To Top