Насловна / Архитектура / La Seine Musicale – новиот архитектонски симбол на Париз

La Seine Musicale – новиот архитектонски симбол на Париз

Дизајниран според проект на архитектите Шигеру Бан и Жан де Гастињ, во Париз неодамна е отворена сала за одржување на музички и културни настани, кои притоа ја промовираат екологијата и одржливоста. Имено, нејзината сферична структура ја опкружува мобилно едро од соларни панели што ја следат позицијата на Сонцето и производуваат електрична енергија потребна за функционирање на центарот La Seine Musicale.сала мусикале париз_08

На прв поглед, стаклената фасада на центарот делува како откажување на Шигеру Бан од дрвените конструкции по коишто стана познат. Сепак, дрвото е основа на овој објект и од него е направена целокупната лушпеста структура.сала мусикале париз_01

Всушност, шестоаголници од ламелирано дрво ја креираат матрицата на конструкцијата, која малку наликува на кошница.сала мусикале париз_02

Околу сферичната конструкција кружи триаголна структура налик на едро кое се движи заедно со Сонцето. Фотоволтаичните панели закачени на едрото произведуваат струја, која ги опфаќа повеќето од енергетските потреби на оваа културна институција.сала мусикале париз_03

La Seine Musicale е изградена во париската област Булоњ-Бијанкур, чиј просторен план го зацртал Жан Нувел.сала мусикале париз_05 сала мусикале париз_06

Мултифункционалниот културен центар има голема концертна сала со 4.000 седишта, помала сала за изведување на класична музика со 1.150 седишта, а тука се и просториите за проби, снимање, како и бројни придружни содржини неопходни за функционирање на уметниците и изведувачите.сала мусикале париз_07 сала мусикале париз_09 сала мусикале париз_10 сала мусикале париз_11 сала мусикале париз_12 сала мусикале париз_13 сала мусикале париз_14 сала мусикале париз_15

Lа Seine Musicale е отворен во мај оваа година.

Испрати коментар

Scroll To Top