Насловна / Архитектура / Куќа изградена од стари телеграфски столбови

Куќа изградена од стари телеграфски столбови

223_The-Spellbinding-Tropical-House-Made-From-Reclaimed-Telegraph-Poles_0-f
Еден британски брачен пар посакал да ја изгради својата куќа од соништата во зелениот малезиски рај опкружен со оризови полиња. Својата желба ја оствариле со помош на архитектонското биро WHBC од Куала Лумпур кое одлучило да проектира типична дрвена малезиска куќа, но со употреба на веќе користено дрво и стари телеграфски столбови. Според зборовите на архитектите, многу било тешко да се пронајде квалитетно веќе користено дрво, но во рециклажните хали на северот од земјата успеале да пронајдат содветен квалитет. Изградбата на куќи од користено дрво е честа практика во Малезија, но заради веќе споменатиот лош квалитет се повеќе ѓители се свртуваат кон бетонот. Но, со оглед дека клиентите биле категорични и за столбовите да се користи дрво, тестот од аспект на носивоста го поминале старите телеграфски столбови од полно дрво.223_The-Spellbinding-Tropical-House-Made-From-Reclaimed-Telegraph-Poles_1-f

Испрати коментар

Scroll To Top