Насловна / Архитектура / Јаглеродно неутрална куќа, добитник на RIBA наградата

Јаглеродно неутрална куќа, добитник на RIBA наградата

Современата јаглеродно неутрална, традиционална англиска куќа во Кент, ја освои наградата RIBA, за куќа на годината (RIBA House of the Year). Проектот е дело на James MacDonald Wright и Niall Maxwell. Оваа селска куќа под називот „Caring Wood“ пофалена е за своите еколошки и енергетски карактеристики. Претседателот на RIBA, Ben Derbyshire смета дека овие карактеристики ќе влијаат на домувањето во Велика Британијаво наредниот период. Проектирана за три генерации од исто семејство, „Caring Wood“ има атрактивна форма со четири искосени кули кои се инспирирани од изгледот на традиционалните британски објекти за сушење хмељ.

RIBA 1

RIBA 7

 

За изградбата се користени локални материјали и занаетчиски производи, вклучувајќи и рачно изработени плочки, локален камен и шиндра од костен. Проектот исто така го враќа и некогашниот пејсаж на местото, така што на имотот од 84 хектари посадени се 25.000 стебла. Начелата на енергетската ефикасност се применети и  преку зголемениот обем на природна вентилација, максимално користење на природната светлина и пасивна вентилација на објектот.

RIBA 4

RIBA 5

 

Вградени се и елементи на „зелената“ технолгија во вид на соларни панели и топлински пумпи. „Освен што содржи рачно изработени елементи и што изобилува со простор, „Caring Wood“ не доведува до основното прашање, а тоа е како ќе живееме заедно во иднината“, рекла претседателката на жирито за „RIBA House of the Year 2017“. „Во време кога се е автоматизирано, кога сме преокупирани и изгубени во персонализираниот дигитален свет, проектирањето на куќи во кои семејствата ќе се соберат заедно, станува особено важна цел“ се вели во оценката на жирито.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top