Насловна / Вести / Изложба на Владимир Темков во КИЦ

Изложба на Владимир Темков во КИЦ

temkov izlozba

Во Културно информативниот центар – Скопје, во изложбениот салон Империјал 1, утре (5  мај) во 20 часот ќе се отвори изложба на слики насловена „Со љубов од Кавадарци“ од академскиот сликар Владимир Темков.

Изложбата ќе биде отворена до 16 мај 2015 година.

Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност, отсек графика. Член е на ДЛУМ од 2001 година.

Автор е на над дваесет самостојни изложби во Република Македонија и странство, учесник е на десет групни изложби, учесник и организатор е на повеќе меѓународни ликовни колонии, меѓу кои од 1996 година е меѓународната ликовна колонија во Кавадарци.

Испрати коментар

Scroll To Top