Насловна / Архитектура / Изложба на студентски колажи на Архитектонскиот факултет

Изложба на студентски колажи на Архитектонскиот факултет

Во изложбениот простор на Коридорот на Архитектонскиот факултет во Скопје, поставена е изложба на студентски колажи, работени во рамки на редовниот предмет Пластично обликување /IV семестар/, генерација 2013/14 и 2015/16.Copy of Copy of IMG_7515 Copy of Copy of 100_2615studentski kolazi na arhitektonski fak (3)

Изложбата претставува сегмент од наставната програма, структурирана така да низ бројни теми и разни обликовни техники, се поттикнат и развиваат знаењата и умеењата на студентите за визуелниот начин на размислување и графичкo изразување на идеја, како алатка за промислување во процесот на создавање Архитектура.studentski kolazi na arhitektonski fak (7)

Воедно, на овој начин, според организаторите на изложбата, се поттикнува и будење на интерес кај нив за истражување во ликовно-творечкиот процес  и аплицирање на стекнатите искуства во други области на нивното професионално оформување како идни архитекти.studentski kolazi na arhitektonski fak (6)

Колажот како самостојна ликовна дисциплина и сликарска техника, со специфични обликовни, изразни и продуктивни аспекти, има особено значење во визуелните уметности. Низ педагошкиот процес, како методолошки пристап е навраќање на извориштето, те. учење од референтни автори, но со нов однос кон нив и нивните идејно-естетски квалитети.studentski kolazi na arhitektonski fak (4)

Taкa, експонатите претставуваат транскрипција на кубистички колаж/pappiers colles/ по П.Пикасо, отсечок/cut-out/ по А.Матис, дадаистички колаж по К.Швитерс, геометриски колаж по Б.Николсон, како и реализација на колаж по зададен просторен модел.studentski kolazi na arhitektonski fak (4)

Наставен тим: aкад.сликар и диа, проф. м-р. Наташа Милованчев, диа. м-р. Дарко Драгановски и диа. м-р.Медина Гициќ.Copy of 100_2616 13119976_624407741039921_8244491648917156637_o

Студенти – учесници: Анѓелковска Жаклина, Грковска Ана, Макриевска Бисера, Матеска Даниела, Мирчевска Симона, Николиќ Матеја, Николоска Љубица, Петровски Димитар, Север Енес, Симјановска Тамара, Стојановиќ Томи, Тодоровски Матеј, Фејза Валбона, Цветкова Илина, Штериова Мартина/Ајруш Филис, Ангелова Викторија, Андријевски Сашо, Велеска Натали, Илиевска Теодора, Кариланова Марија, Кузмановска Елена, МојсовскаТијана, Османли Вероника, Патчева Марија, Пеповска Ева, Петрова Марија, Петрушевска Ивана, Рајчиќ Милан, Станоевска Ана, Стојчески Виктор, Тачи Влера, Толкова Биљана, Трајаноски Љубен, Трајковска Марија, Трајковски Вања, Џидрова Марија.

studentski kolazi na arhitektonski fak (3)

Изложбата е отворена до 31 мај.studentski kolazi na arhitektonski fak (3)studentski kolazi na arhitektonski fak (2) studentski kolazi na arhitektonski fak

Испрати коментар

Scroll To Top