Насловна / Вести / Исланд: Зафаќање на јаглерод диоксидот директно од воздухот

Исланд: Зафаќање на јаглерод диоксидот директно од воздухот

Jagleroden-dioksid-skladiranje

Новата технологија го апсорбира јаглерод диоксидот директно од воздухот и трајно го складира во карпестите формации под земјата. Патентот на компанијата Climaworks, првата комерцијална компанија со техничко решение за отстранување на  CO2, нуди сигурно и многу ефикасно складирање, и веќе е финансиран од страна ан Европската унија.

Jagleroden-dioksid-skladiranje1

Пилот проектот ќе се примени на постоечка електрична централа на Исланд, каде што Climeworks,  во соработка со локалната комунална електроенергетска компанија Reykjavik Energy ќе инсталира опрема за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид.  Опремата зафаќа  CO2 од воздухот во околината со помош на филтер, и се загрева со отпадна топлина од електричната централа, со што овозможува врзување на  CO2 со вода. Потоа сe потиснува 700 метри во длабочината на земјата, каде реагира со базалните карпи и формира цврсти минерали.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top