Насловна / Архитектура / Ин мемориам: архитект Славко Брезовски (1922 – 2017)

Ин мемориам: архитект Славко Брезовски (1922 – 2017)

Во Скопје почина големиот македонски архитект Славко Брезовски.

Архитектот Славко Брезовски, како еден од доајените на македонската модерна во архитектурата, е автор на многу значајни остварувања кои оставиле траен белег во македонското архитектонско градителство и проектирање. Негови препознатливи и позначајни дела се: Соборна православна црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје (1970), Стоковна куќа „Нама“ во Скопје (1959), Работнички дом во Скопје (1958), хотел „Попова Шапка“ на Попова Шапка (1964)…

соборна црква климент охридски

Соборна православна црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Славко Брезоски (Галичник, 1922) дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1950 година, под менторство на професорот Милан Злоковиќ. Работел како професор на Архитектонскиот факултет во периодот 1969 – 1987 година, на Катедрата за проектирање општествени згради. Тој припаѓа на првата генерација македонски архитекти школувани во Белград и Загреб (заедно со Пота, Жупан, Пецовски, Ќосевски, Маленкова, Галиќ и Шеќерински).

rabotnickidom

Работнички дом во Скопје

Групата „Денес“

Архитектот Славко Брезовски се приклучува кон групата „Денес“ во педесеттите години на минатиот век. Групата „Денес“ обединува повеќе млади уметници (Белогаски, Лазески, Протуѓер, Кондовски, Грабулоски, Лозановски, Бафети) и тројца архитекти (Брезоски, Константинов и Шеќерински). Групата се залага за интeграција на ликовната уметност, архитектурата и скулптурата, и за потврдување на националниот идентитет во сите сфери на творештвото. Првата изложба на Групата „Денес“ се случува во 1953 година.

стоковна куќа нама

Стоковна куќа „Нама“ во Скопје

хотел попова шапка

Хотел „Попова Шапка“ на Попова Шапка

Во конкуренција na повеќе реномирани југословенски архитекти и тимови (архитектите Равникар, Михевц, Остроговиќ, Иблер, Брашован, Рашица и Бркиќ), архитектот Брезоски ја освојува првата награда на конкурсот за амбасадата на тогашна СФРЈ во Бразилија, Бразил, која била изградена во 1963 година. Нејзините архитектонски квалитети се забележани и од меѓународната јавност. Историчарот на архитектура Крум Томовски, вели дека за неа е објавена критика во Architectural Review, која ја интерпретира архитектурата на Брезоски како успешно инкорпорирање на бразилскиот архитектонски дух.

Добитник е на повеќе домашни и меѓународни архитектонски конкурси.
Покрај други општествени и стручни признанија, носител е на наградите: „11. Октомври“ на Република Македонија,„13. Ноември“ на град Скопје; Наградата за животно дело и особени достигувања од областа на архитектурата и градителството „Андера Дамјанов“, Признание за исклучителен придонес во развојот на инженерската струка во Република Македонија од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.
Комеморативната седница ќе се одржи во петок на 10. 03. 2017 година со почеток во 11 часот на Архитектонскиот факултет во Скопје, а погребот е закажан во сабота (11 март) во 11:30 часот на градските гробишта во Бутел.

Еден коментар

  1. a sto bidna so inz.Jovan

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top