Насловна / Арт и дизајн / Импресивна конструкција направена од жица

Импресивна конструкција направена од жица

Кога станува збор за настани поврзани со кралските семејства, добро е познато дека тогаш не се штеди на ништо. А кога се работи за оние од Блискиот Исток, тогаш целата ситуација е подигната на уште повисоко ниво.павилјон тресолди_5

Во прилог на ова сведочи и последната работа на уметникот Едоардо Тресолди, кој за собир на кралското семејство во Абу Даби конструира павилјон, кој требалo да донесе здив на античката атмосфера. Колосалните столбови и елементите како арки, во овој случај се споени со современиот дизајнерски мебел и детали. павилјон тресолди_6

Конструкцијата е дизајнирана како заднинска просторија на главниот настан, во која гостите доаѓаат да се релаксираат, а нејзината најголема карактеристика е што е направена од жичена мрежа. Ако ја гледате за прв пат, веројатно ќе ви се чини дека се работи за анимирана градба, но и други внимателно обмислени детали, како птици во лет.павилјон тресолди_4 павилјон тресолди_3 павилјон тресолди_2 павилјон тресолди_1

Испрати коментар

Scroll To Top