Насловна / Арт и дизајн / ИКЕА лансираше нова и сосема неочекувана колекција

ИКЕА лансираше нова и сосема неочекувана колекција

Заборавете на се што сте мислеле дека знаете за брендот ИКЕА. Упорно фокусиран на минимализмот и пристапноста во цените, познатиот шведски производител на мебел претстави една нова и сосема неочекувана колекција.ikea_10

Во соработка со британскaта дизајнерка за машка облека Katie Eary, ИКЕА претстави лимитирана колекција Giltig, која е веќе достапна во нивните продавници.ikea_12

Земајќи го предвид авангардниот потпис на дизајнерката, колекцијата се состои од додатоци во домаќинството, како што се кујнски прибор и текстил. Впечатливите графички решенија дигитално печатени на постелнини се привлечни како магнет. Мачки, риби или очно јаболко се најдоа на светилки, завеси, постелнини и прибори за јадење.ikea_11

Дизајнерката била многу возбудена создавајќи ја колекцијата и сакала да додаде малку особеност во домовите на луѓето.ikea_09

Giltig е првата колекција во низата успешни соработки кои ИКЕА планира за во иднина да ги реализира со познати дизајнерски имиња.ikea_08 ikea_07 ikea_06 ikea_05 ikea_04 ikea_03 ikea_02 ikea_01

Испрати коментар

Scroll To Top