Насловна / Арт и дизајн / Хотел El Cosmico

Хотел El Cosmico

Некои веќе го нарекуваат номадско парче од рајот, а всушност се работи за хотел со малку поинаква филозофија од вообичаената. Еl Cosmico е многу харизматичнo хотелско здание во Тексас, а го чинат низа преуредени камп-куќички во vintage стил, коишто привлекуваат гости од целиот свет.el kosmik (4)

Поточно, тука владеат некои други правила, односно идејата дека животот може да биде балансиран вид на авантура. Еl Cosmico, на гостите освен тотално „кул“ сместување, нуди специфична забава, можности за учење, импресивен пустински амбиент, но, исто така, и духовни и уметнички работилници. Освен камп-куќичките, во понуда е и сместување во монголски шатори, и пунктови на кои се позиционирани висечки мрежи за релаксација, надворешна кујна и трпезарија, купатила, lounge зони и простор за читање…el kosmik (3)

Може да се заклучи дека Еl Cosmico навистина обезбедува голем исчекор од урбаните средини, каде што релаксирањето претставува еден сосема поинаков пристап.el kosmik (2) el kosmik (1)

Испрати коментар

Scroll To Top