Насловна / Арт и дизајн / Голема изложба на Веласкез во Виена

Голема изложба на Веласкез во Виена

velaskez izlozba_1

Во Музејот на историја на уметноста (KHM) од крајот на октомври, ќе биде отворена голема изложба на славниот шпански сликар на барокот Диего Веласкез (1599 – 1660). Изложбата многумина ја сметаа за врв на есенската понуда на уметничката сцена во Виена.

Музејот за историја на уметност во Виена ги поседува некои од најпознатите „слики на кралските деца“ на Веласкез. Благодарение на музеите „Прадо“, Националната галерија во Лондон и њујоршкиот Метрополитен, за првпат во австрискиот главен град ќе бидат прикажани и некои други дела од овој уметник, како „Заспаната Венера“, „Поклонение на мудреците“ или  „Дон Хуан Австриски“.velaskez izlozba_2

Испрати коментар

Scroll To Top