Насловна / Архитектура / Футуристички комплекс во Каиро со „мегастебла“

Футуристички комплекс во Каиро со „мегастебла“

Проектантите од компанијата Vincent Callebaut Architectures се автори на ова решение со девет цилиндрични конструкции прекриени со растенија, кои се нарекуваат „мегастебла“.

Cairo 1

cairo 5

Изградбата почнала во 2014 година, а целосно ќе биде завршена до 2019. Футуристичкиот комплекс во населбата Хелиополис е наречен “The Gate”, а ќе се простира на површина од речиси половина милион квадратни метри. Највисоките катови на зградите ќе бидат поврзани со пешачки мостови, а предвиден е простор и за детски игралишта, па дури и за мали градини за одгледување на овошје и зеленчук.

cairo 2

cairo 3

Богатите станари на комплексот ќе можат да уживаат во голем базен, а три ката се резервирани за трговски центар. Покрај сите овие содржини, вкупно 1000 апартмани колку што брои комплексот, ќе имаат и бројни иновативни решенија како на пример сензори за движење и сензори за прилагодување на светлината. Објектите ќе се снабдуваат  во значителен дел со соларна енергија, но и со енергија од ветерот.

cairo 4

Испрати коментар

Scroll To Top