Насловна / Вести / Дрвја, зеленило и урбана опрема наместо улица на кејот „13 Ноември“

Дрвја, зеленило и урбана опрема наместо улица на кејот „13 Ноември“

Советниците на општина Центар со 12 гласа „за“ донесоа одлука за изглед на градба, пешачки улици и патека на кејот „13 Ноември“, на потегот од улицата „Филип Втори Македонски“ до објектот на Телеком.

Како што соопшти општина Центар, на овој потег нема да се гради улица и според програмата на општината ќе биде поставено зеленило, клупи, чешми и жардиниери со дрвја кои би имале функција на дрвореди.Skopje dalla sera al mattino

Советниците од коалицијата предводена од СДСМ, како што се наведува, го задолжиле Секторот за инспекциски работи на општина Центар да спроведе инспекциски надзор за преземените градежни активности на терен, на потегот од улицата „Филип Втори Македонски“ до Камениот мост.

Испрати коментар

Scroll To Top