Насловна / Арт и дизајн / Дела на Петра Јовановска и Јиржи Кованда во Чифте амам

Дела на Петра Јовановска и Јиржи Кованда во Чифте амам

izlozba vo cifte amam_2

Во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, вечер ќе биде отворена изложба на Петра Јовановска и Јиржи Кованда.
Во фокусот на презентацијата е кругот како основен модус во креирањето на делата од последниот циклус на авторката Петра Јовановска.
– Кругот претставува единство, целина, бесконечност. Нешто без почеток и крај, без страни или агли. Кругот значи заштита, но и ограничена слобода, норми, правила, општествени стеги. Тој е симбол на животниот циклус, на рајот, на универзумот. Симболично, целиот наш живот може да се поврзе со формата на кругот, – пишува во информацијата на НГМ.

izlozba vo cifte amam_4
Јиржи Кованда (1958) е еден од најпрестижните чешки концептуални уметници, а на изложбата ќе биде претставен дел од неговата документаристичка ретроспектива.
– Кованда се појавува на чешката сцена со своите први акции во средината на 70-тите, а главно станува збор за минималистички перформанси што ги изведува уметникот во јавна средина и со ефемерни дејствија. Настапите во јавен простор за него се траги кои се документираат, а нивното презентирање е со помош на документаристичките црно-бели (често аматерски) фотографии со кратки описи на перформансите, – информира НГМ.izlozba vo cifte amam_3
По неколкугодишна пауза, во последните десетина години Јиржи Кованда е повторно активен и ги следи своите почетни идеи од 70-тите, изведувајќи нови перформанси, нови интервенции, нови дела, а ретко реинтерпретирајќи ги старите.
Изложбата во 19 часот ќе ја отворат амбасадотор на Чешка во Македонија Мирослав Рамеш и Маја Неделкоска-Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија.

izlozba vo cifte amam_1

Испрати коментар

Scroll To Top